(ФОТО) Голема радост за Митко Јанчев: Со чашка пиво и видно насмеан славеше

  • By admin
  • мај 25, 2021
  • 0
  • 856 Views

Екипата на Тиквеш конечно ја скокна пречката наречена бараж и со триумф над Силекс (1-0) на Арената „Тодор Проески“ во Скопје се врати во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) по долга пауза.

Кавадарчани долги 17 години чекаа за да обезбедат фудбалска елита и конечно успеаја во тоа. Пане Блажевски одлично си ја заврши работата во својот трет бараж во кариерата и по Борец успеа уште еден тим да внесе во елитата. Силекс, пак, поради поразот, се сели во второлигашкото друштво.

Дуелот во Скопје почна мирно и без сериозни шанси. Тиквеш и СИлекс беа максимално претпазливи, знаејќи ја важноста на средбата и за двете екипи.

Кавадарчани беа поконкретни и беа повеќе пред голот на Даниел Божиновски, но немаше реализација. Првата сериозна шанса на мечот ја имаше Силекс, кога во 27. минута Ивановски биеше со глава, ама Димовски беше одлично позициониран.

Потоа, Тиквеш нанижа три шанси и може да жали затоа што не реализира барем една од нив. Во периодот од 29. до 35. минута, Спахиу имаше две можности да погоди, ама не успеа да најде лек за Божиновски, а еднаш се закани и Костовски со глава, арно ама безуспешно.

На паузата немаше голови, а Симов се обиде со истиот рецепт како во Купот да ја освежи играта, па го внесе Дурански. Но тоа не донесе добро за кратовчани затоа што играчот од средниот ред набрзо ја напушти играта, а и Тиквеш дојде до предност. Во 54. минута Спахиу доби топка и излезе пред Божиновски, па успеа да ја стресе мрежата на Силекс за огромна радост.

По примениот гол Тиквеш малку го смири темпото на игра и не правеше притисок по секоја цена, додека Силекс беше тимот што ја држеше топката и се обидуваше да го пробие одбранбениот бедем пред голот на Димовски. Најдобрата шанса кратовчани ја имаа во 78. минута, кога нововлезениот Ѓорѓевиќ шутираше, ама Димовски маестрално одбрани и изби во корнер.

Во 83. минута искусниот голман Димовски повторно ги покажа своите квалитети и одбрани нов зицер на Силекс. Психолошки мечот стануваше се потежок како што доаѓаа последните минути, но мрежите не се тресеа повторно, па Тиквеш дојде до посакуваната победа, вредна прволигашки статус по долги 17 години.

„Лозарите“ го следеа мечот на видео-бим, а по последниот судиски свиреж имаше незапаметено славеа а и долго во ноќта ќе се слави.

Помеѓу оние кои организирано го следеа мечот беше и првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев које голем поддржувач и фан на Тиквеш.

Јанчев по крајот на мечот како и сите присутни славеше и беше видно насмеан и среќе, а се наздрвуваше и со по некоја чаша пиво

По мечот се огласи кратко Јанчев преку фејсбук страницата каде што напиша:

Честитки ТИКВЕШ!!! Кавадарци слави! Само напред момци, да стигнеме до врвот на Прва лига! За половина час победничкиот тим ќе стигне на градскиот плоштад во Кавадарци, да ги поздравиме со аплауз нашите момци!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *