(ФОТО) Вчера загуби на изборите, па денес му отиде на кафе кај новиот градоначалник

  • By admin
  • октомври 18, 2021
  • 0
  • 4660 Views

Македонската Швајцарија е прекарот за еден од најубавите и најчисти наши градови а тоаа е Берово. Општина која по првиот кург избори доби градоначалник.

Станува збор за старо – новиот Звонко Пекевски кој победи и на локалните избори во октомври 2017 година кога беше избран за Градоначалник на Општина Берово.

Звонко Пекевски е семеен човек, сопруг и татко на две деца.Уште од млад е доста активен во политичкиот и општествениот живот во општината.

Во Берово со централна прослава на плоштадот ,,Димитар Беровски” се славеше победата на Звонко Пекевски од коалицијата ,,Најдоброто за нашата Општина” кој по втор пат го доби градоначалничкиот мандат.

На локални избори според податоците на Државната изборба комисија тој освои 47,75 проценти од гласовите, наспроти 43,05 проценти кои ги освои неговиот опонент од опозициската ВМРО ДПМНЕ, Елеонора Рашковска.

Во својата изјава кон членството Пекевски изрази благодарност до сите кои, како што рече, придонесоа за новата голема победа.

-Сите вие што бевте со мене во изминатиот период сте целосно заслужни за уште една нова победа и овој пат во првиот круг. Ви благодарам, рече Пекевски.

На прославата присуствуваше и Министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска која додаде дека победата е една од најголемите во Берово извојувана на локални избори.

Денес Пекевски имаше една интересна посета, нетипична за наши услови за која информираше на социјалните мрежи:

-Денес првото утринско кафе го имав со Горан Алачки, еден од кандидатите за градоначалници.

Ја имав честа да поразговараме околу програмата и развојот на Берово во следниот период посебно во туризмот и културата каде Горан има огромно искуство.

Се договоривме да ја искористиме неговата креативна енергија и често да се среќаваме и секогаш кога ќе се роди убава креативна идеја која ќе го промовира Берово на туристички и културен план да ја разработиме и да ја реализираме.

Се сложивме дека Берово тргна напред и нема враќање назад и ветив дека тоа ќе ни биде мисла водилка и во следниот мандат.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *