(ФОТО) Во Уганда гордо се вее македонското знаме – причината и тоа како голема

  • By admin
  • март 29, 2021
  • 0
  • 953 Views

Пастор Филип Иванов кој е докажен хуманитарец и човек кој помага не само во нашата држава, туку и пошироко пред неколку дена на својот профил на фејсбук потсети на една своја објава над која напиша:

Во Уганда, за разлика од некои делови во Македонија, сè уште гордо се вее македонско знаме! Прочитајте за случката од пред две години, на овој датум.

Во продолжение е постото кој датира од пред две години, а во кој Филип вели:

-Бидна и тоа!Благодарение на Бога, и дарежливоста на поединци и Македонските цркви, купен е резервоарот за вода за училиштето во Њабелико, во „џунглата“ тука во Уганда!

Во училиштето има неколку стотини деца, и со новите четири училници и резервоарот за вода значително се подобруваат условите кои ги имаат, односно децата нема да пешачат по 4км. да полнат небезбедна вода за пиење.

Исто така, со вашите донации ќе бидеме во можност да купиме врати, прозорци и цемент за подот, барем за половина од новите училници. Затоа, уште еднаш, огромно благодарам до сите вас!

Еве го интересниот дел. Веќе знаете дека самите луѓе тука, од благодарност, го нарекоа овој проект „Македонско-Афричка Божествена Организација“.

Е сега, пред некој месец добивам порака од Тит, директорот на училиштето, и тој ме замолува кога ќе дојдам да им донесам македонско знаме, затоа што старото кое гордо го вееја (ако ви текнува на постот од минатата година) со тек на време изветвило…

Си велам, зарем е можно човек кој никогаш не ја видел Македонија и веројатно никогаш нема да стапне таму, да има повеќе почит за знамето и земјата од мнозина од нас кои ја нарекуваме Македонија своја татковина? Да се замисли човек…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *