Како што е познато Весна Петрушевска е македонска ток-шоу водителка и глумица која е позната и под нејзиниот прекар „Бејби“, долги години опстојува на македонската сцена
Бејби стана најпозната по нејзиното ток-шоу „Вртелешка“ кое достигна голема популарност и се емитувало повеќе години на македонска телевизија.
Петрушевска ја започнала својата актерска кариера на 14 години, кога го имала првиот настап во македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“.
Подоцна го започнала својот најуспешен ТВ-проект, ток-шоуто „Вртелешка“, коe се емитувало неколку години, а потоа следувало и краткотрајното ток-шоу „Вечер со Весна“.
Таа исто така глумеше во неколку претстави во различни македонски театри, меѓy која е и „Брачна игра“ заедно со Игор Џамбазов, која ја имаше својата премиера на 27 март 2016 година, во Македонскиот народен Театар.
Во ноември 2016 година била издадена првата книга на Весна Петрушевска, автобиографската книга „Трофеј“, од страна на издавачкиот центар „Три“. Промоцијата на книгата била одржана на 9 ноември 2016 во хотелот „Парк резиденс“ во Скопје
За Весна Бејби е познато дека беше голема пријателка со нашата музичка легенда Тоше Проески со кого го направи и последно интервју, ноќта пред да замине во вечноста.
Водителката Весна Бејбимама Петрушевска пред 14 години беше домаќин на последната емисија каде Тоше Проески гостуваше пред да замине на пат за Загреб.
“Максимално е и многу е тешко да се издржи. Шминкање, вадење шминка. Пакување, распакување.Преку глава ми е. Кога би можел да се телепортирам од концерт на концерт би бил најсвежиот човек на светот.
Сакам да се тргнам настрана, но не можам. Машинеријата ме зеде во бубањ, како што велат старите. Нема враќање назад. За голема среќа многу ме радува што на сите тие концерти можам да се дружам со луѓето со кои енергетски се ревитализирам“, откри Весна во една прилика што и кажал меѓу последното.
Весна повторно се потсети на Тоше откако на Инстаграм сподели досега ретко видена фотка со Тоше за која таа кажа дека првпат ја гледа.
Meѓудурогoто Весна напиша: Не сум ја видела фотографијата, фалиш љубов моја Тоше Проески.