Изминатиов период, веста дека по долгата 11-годишна врска се разделија поп ѕвездата Шакира и дефанзивецот на „Барселона“ Жерар Пике ја раздрма светската јавност.
Шпанските медиуми досега тврдеа дека причината е откриено нев ерство на дефанзивецот со 23-годишна русокоса, која работи како келнерка во познат локал и е прв пријател на момчето на неговиот соиграч Рики Пуиг.
За потсетување, Пике и Шакира почнале да се забавуваат после средбата на Светското првенство во 2010 година. Врската официјално ја потврдиле во мај, 2011 година, кога Жерар ѝ се придружил на сцената на Шакира на нејзин концерт во Шпанија.
Подоцна добија две деца, но никогаш не се венчале. По случувањата тие двајца објавија дека се разделуваат најмногу заради доброто на децата.
Сепак, веќе со денови бугарските медиуми пишуваат дека причината за разделбата на парот била токму Македонката Драгана Спасовска.
Моделот и блогерка Драгана Спасовска, која седум години живее и работи во Дубаи е од неодамна беше хи т во соседна Бугарија.
Речиси секојдневно ги полни страниците на тамошните медиуми, кои пишуваат за нејзините забави во Дубаи, дружбите со светски познати фудбалери и ги следат сите нејзини случувања поврзани со џет-сетерскиот живот.
Драгана Спасовска е обви нета дека е судбоносната жена што доведе до разделба на фудбалската легенда Жерар Пике и пејачката Шакира, напиша Марица.
Згодната девојка потекнува од Скопје, каде во минатото градеше кариера како модел. Во 2009 година замина да студира во Пловдив- Бугарија.
За себе знае да каже дека е дете на интернационална љубов, бидејќи татко и е Македонец, а пак мајка и е Бугарка, но на прашањето дали се идентификува како Македонка или пак како Бугарка, без двоумење вели – Бугарка!
Сепак, извори во Дубаи инсистираат дека Пике многу порано бил занесен по нашата Драгана. Двајцата постојано биле забележувани во емиратот, а фудбалерот постојано се појавуваше без Шакира.
Нивната последна средба била во ресторан пред Нова Година. Нивните топли чувства ги издава и фотографијата на Драгана и Пике која се појави на јавните мрежа, но Драгана се уште не дава никава потврда ниту пак демант на она што се пишува за неа.