(ФОТО) Билјана Дебарлиева покажа каде и како се разладува од високите температури

  • By admin
  • јуни 27, 2021
  • 0
  • 4001 Views

Според некое непишано правило, за годините на припадничките од понежниот пол не се зборува, бидејќи на секоја возраст жената си носи своја убавина.

ТВ водителката Билјана Дебарлиева важи за една од најубавите познати дами, кај која годините како да немаат никаква улога.

Биле со својот шарм, непосредност и природна убавина, низ годините ја задржа својата автентичност пред гледачите, а со текот на времето како да подмладува.

Нежна, сензуална, пријатна за гледање и слушање, таа едноставно е оригинална и единствена како во она што го работи, така и со својата појава.

За младешкиот изглед и за коментарите дека изгледа доста помлада од возраста, таа раскажува дека во поглед на негата нема нешто што посебно би го издвоила, освен оние вообичаени утрински и вечерни ритуали на нега на кожата со препарати што одговараат на нејзиниот тип кожа и на годините.

„Одам на редовни козметички третмани, користам креми со заштитен фактор, зашто знаеме дека сонцето ја старее кожата, многу вода, овошје, зеленчук, позитивна мисла и насмевка.

Би ја додала овде и генетиката и сето тоа заедно придонесува за свежина во изгледот“, изјави неодмна во интервју за Женски магазин и притоа додаде:

„Во години сум кога се појавуваат и првите знаци на стареење на кожата, првите брчки, но ништо од тоа не ме плаши, туку ги прифаќам како еден природен животен тек и гледам колку што можам да го забавам тој процес.

Знам да си помислам, што ќе биде по 5 или 10 години, ќе бидам ли како оние жени кои изгледаат убаво и негувано и во својата 6-та или 7-ма деценија? Ама уште е рано за да се оптоварувам со такви мисли, си го живеам мигот и моментот и убаво се чувствувам.

Деновиве ширум Македонија владеа високи температури и летото се покажа во вистинско светло. Многумина бараат начин да се разладат и да се сокиријат од високи температури.

Едни се одлучуваат за на плажа покрај базен, езеро или море, додека други за на високи места, односно за на планини.

Токму Дебарлиева се реши да замине викендов на планина, поточно таа сподели на Инстаграм дека е во Маврово и постираше фотка на која покажа како се разладува со фонтана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *