Филип од Скопје: Ниту на небо ниту на земја сум, ова не е живот

  • By klaster2
  • мај 22, 2022
  • 0
  • 492 Views

Филип Петрушевски од Скопје има 26 години. Уште од мали години има проблеми со здравјето поточно цисти чна фиброза, еднаш му беше трансплантиран бубрег но за жал набргу откажал, денеска повторно е пред нов предизвик за кој јавно побара помош.

Виолета е негова мајка која целиот свој живот се бо ри за животот на своето дете, таа на шест годишна возраст приметува дека нешто не е во ред со детето а од тогаш започнува нивниото големо патешествие.

Тој за жал нема да може да го ужива детството како останатите деца. Тој на четири часа ќе мора да прави дија лиза и да биде под надзор.

А на 12 години ќе стане најмладиот пациент на Нефрологија каде му е направена трансплатација од жив донор, односно неговиот татко.

Сепак таа среќа кратко трае, па тој се враќа на старото а уште пол ошо станува во 2018. Сега шанса гледаат во трансплатација на бубрег во Турција, но сепак финансиите се пречка а целосната приказна ја раскажува Виолета која се отвори пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Тој престана да расте и да се развива на шест годишна возраст, мислевме дека има проблем со хормонот за раст, но се испостави дека во прашање се бубрезите кој влијаат токму и на растот.

– Колку толку можев да спортувам и да се забавувам со другарите, но потоа се започна да оди во удолна линија, а сега е многу ло шо, вели Филип.

– Морам да правам дијализи на секој четири часа, не можев редовно да одам на улилиште, но бев дете и не знаев точно што се случува

– Но сега му е најтешко, не можам нормално ниту до градот да отидам да прошетам, да се забавувам и слично, додава Петрушевски.

– Тој е многу млад има само 26 години, цел живот му поминува со дијализи со зафати, тој не работи не е во состојба, десет месеци не беше станат од постела.

– Сега одам три пати во неделата на дијализа и само спијам, малку ми е подобро, но утрото повторно ,,ниту на небо ни на земја сум”

– Ова не е живот, најмногу ми е тешко поради тоа што сакам да одам, да прошетам, да одам на работа, ми здодеа во овие четири ѕида.

Ајде да му дадеме шанса за нов живот на ова момче, тој има прилика да замине на трансплатација во Турција, но патот и реализацијатан на оваа желба зависат само од финансиите.

Доколку сакате да му помогнете на Филип тоа може да го сторите на трансакциската сметка 300007102736281 или на бројот на Телеком: 143125 и А1 бројот: 143463 и контакт број: 078 939924

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.