Ученици во скопско започнаа сами да си држат часови

  • By admin
  • септември 27, 2021
  • 0
  • 706 Views

Сончевото време и денеска им даде можност на децата од селото Брњарци да импровизираат училници на отворено и да си држат часови надвор од училишните клупи.

Причина е бојк отот кој почна со самиот почетокот на новата учебна година. имено, во подрачното училиште „Крсте Мисирков“, во Брњарци малку ученици следат настава на македонски јазик.

Но, по завршувањето на часовите, училиштето се затвора, а околу 60 ученици Албанци кои истото село мора да посетуваат настава во училиштата во Арачиново.

Додека бојкотот на наставата продолжува, учениците од петто одделение ја играат улогата на наставници и ги учат помалите.

Излеговме и одржуваме час надвор за да ги учиме најмалите. Што ве учи, што ви помага? Буквите. Која буква ја учиш? Буквата ‘с’. Многу ни недостига училиштето, загубивме многу часови. Оние пријатели што се на училиште ни кажуваат, а ние учиме дома.

Јас сум петто одделение, излеговме да ги работиме домашните задачи. Кој ти кажа кои се твоите задачи? Пријателите кои се на училиште во Арачиново. Изгубивме многу од училиштето, ни недостигаат пријателите.

Многу лошо. Не одиме на училиште скоро еден месец. Се собираме сите деца од соседството и излегуваме за да напишеме домашно. Повеќе им помагам на оние кои се прво и второ одделение. Ги учиме буквите А, Б, Ц, сите. Им помагаме и при читање, рекоа учениците.

Локалните власти на Гази Баба, иако многупати се среќаваа со родителите на овие деца во обид да најдат решение, сега за Алсат велат дека проблемот не може да се реши како што бараат родителите, бидејќи досега немало барање децата да учат во ова училиште.

Но, од родителскиот совет го тврдат спротивното. Во меѓувреме, општината единственото што го нуди е да се обезбеди превоз до училиштата во Арачиново.

„Го негираме ова затоа што имаме документ, датум кога сме биле и кога сме го поднеле барањето. Меѓутоа, сега кога некој сака да фрли камен и да ја скрие раката, тоа е нешто друго.

Имаме податоци со датум, ден и по сите нишани, ние бевме во општината. Да не беше градоначалникот информиран, немаше да нè пречека ниту на состанок, имавме состаноци со него, но тој не изрази волја за решавање на овој проблем“, рече Екрем Салиу, Совет на родители.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алсат ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *