Украинка Оксана која вчера роди во Скопје проговори низ се што минала за да дојде во Македонија

  • By admin
  • март 11, 2022
  • 0
  • 506 Views

Министерот за здравство Беким Сали вчера информираше за една убава вест откако Украинка се породи во Скопје:

Убави вести ни доаѓаат од гинекологија во Чаир, Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3.8 кг и долго 54 см.

Оксана и новороденчето се во добра состојба, тимот од гинеколози, педијатри и медицинските сестри се грижат за нив и тие се во сигурни раце.

Во разговорот со Оксана, таа ме информираше дека е задоволна од здравствената услуга и дека одлично се чувствува.И посакав добро здравје и многу среќни моменти.

Екипата на ТВ 21 ја посети Оксана Горкова која од Киев. Таа стана мајка по вторпат и на свет донесе девојче.

Вели дека во Македонија дошле кога почнала руската инв азија во Украина, бидејќи нејзиниот сопруг е од Свети Николе.

Оксана раскажува за перипетиите и потешкотиите на кои наишла за да влезе во нашата земја. Патувањето траеше три дена, ја почнува приказната Оксана.

-Бев во 39-тата недела кога почна сѐ, кога почна се. Бев пре плашена од сите евакуации, алармите и од тоа што ќе се случи , поради тоа одлучивме да заминеме, да дојдеме во Македонија за да можам да се породам и ништо да не влијае врз бебето или врз мене.

Дојдовме со автомобил, патувавме 3 дена, односно 72 часа. Тешко беше, имаше гужва во сообраќајот, а граничните контроли се вистинско лу дило, вели Горкова.

Таа се надева дека состојбата во Украина наскоро ќе се подобри, за, како што вели, да можат да се вратат во своето родно место.

-Ќе треба да се вратиме во Украина, секако бидејќи таму оставивме сѐ. Имаме работа таму, сопругот работи таму, а и сестра ми. Кога состојбата ќе се подобри и кога ќе запрат сите дејствија ќе се вратиме, рече Горкова.

Докторката Кристина Скераповска вели дека бебето се родило 3 килограми и 800 грама, а долго е 54см. Се наоѓа во добра здравствена состојба, и покрај пот ешкотиите низ кои поминала мајката неколку дена пред породувањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.