Трите авиони „Ер Трактор“ две години не летаат, но за нив било купено гориво за 50.000 евра

  • By admin
  • август 4, 2021
  • 0
  • 7976 Views

Македонија во изминатите неколку дена е зафатена од големи пожари, како шумски така и во урбана средина, а голема прашина се крена за воздхухопловите за гаснење.

Имено, иако авионите „ЕрТрактор“ наменети за гаснење на пожари, две години не летаат бидејќи не се сервисирани, тоа не било пречка Дирекцијата за заштита и спасување уште во мај годинава обезбедила гориво за нив.

Се знаело дека во наредните неколку месеци авионите нема да може да летаат. Договорот за набавка на млазно гориво е склучен на 5 мај, вреден 50 илјади евра.

Покрај купеното гориво, за трите авиони лани е склучен договор за осигурување во вредност од близу 200.000 евра кое истекува во септември годинава, пренесува Алсат М.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вели дека овие набавки биле неопходни, иако станува збор за многу побрзи и поедноставни постапки од склучување договор за сервисирање на авионите.

„Што би било ако имаме готов авион, а немаме гориво. Таквата постапка е многу поедноставна и многу побрзо се решава отколку оваа, никој не очекуваше дека истиот оператор ќе се обжали два пати на иста постапка.

И во текот на отворањето и во текот на поништувањето на постапката за да се оди со преговарање. Не може сите три набавки да ги тераш како што треба.

Започнати се истовремено, не може авион да биде неосигуран, а да го носиш на сервис, а од друга страна мора да имаш гориво за истиот да лета“, вели директорот на ДЗС, Беким Максути за Алсат М Тв.

Максути вели дека постапката за сервисирање на авионите е започната и се очекува во наредните денови да се потпише договорот. Сепак, за да може еден авион да полета ќе треба да се почека до 45 дена за да може да се сервисира.

„Постапката е започната пред три недели и сум на став дека до крајот на оваа недела треба да имаме договор. Ќе направиме обид за еден од нив да се приспособи, односно да ги добие сите дозволи да може да лета во најбрз можен рок односно 20 до 30 дена, зошто минимумот е од 30 до 45 дена, но ќе гледаме да ги притискаме операторите за да може да имаме активен авион кој што може да лета“, додава Максути.

Трите „Ертрактори“ не се во функција веќе две години. Двата објавени тендери за сервисирање пропаднаа откако сервисерот барал сум која што е 40 насто повисока од тоа што ја овозможува Законот за јавни набавки. Во моментов постапката ќе биде спроведена со директно преговарање за наоѓање сервисер со цел да може авионите да бидат функционални.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алсат М ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.