Тони Михајловски згрме, а Лазар Бараков само потврди: Да се срамиш од тој македонски синдром

  • By klaster3
  • август 10, 2022
  • 0
  • 528 Views

Една од најпознатите јавни личности во Македонија секако е Тони Шанац Михајловски. Важи за еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски глумци, водител на радио и телевизија и стоечки комичар.

Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.

Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.

Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.

Како и за многумина познати личности, така јавноста и публиката сака да дознае нешто плус за приватниот живот на популарниот Шанац, а тој нема проблем за тоа да говори.

Актерот од 2011 година е во брак со Александра Јорева Михајловски. После две години врска тие ја крунисаа својата љубов.

Александра и Тони се венчаа во црквата “Св. Димитрија”, а потоа свадбената прослава ја направија во ресторанот “Тга за југ” во Старата Чаршија. Актерот е 13 години постар од својата сопруга.

Заедно го имаат синот Максим, кој е втор син на Тони, а прв на Александра. Тони од првиот брак го има синот Александар Михајловски кој е актер како татко му. Освен со ангажманите во Македонија, популарниот Шанац има доста активности и снимања во соседна Србија.

– 99.9 посто работам во Србија а 0.01 посто работам во Македонија. Според она што работам овдека, во Србија сум пута 5, турбо. „Сенки над Балканот 2“, потоа „Тајкун“, „Црна свадба“ рече Тони за својата работа во Србија. „Црна свадба“ веќе се емитува на Телма.

Тони е секојдневно активен на социјалните мрежи, па често знае да сподели некој статус поврзан со тема која го засега општеството, па и земјата воопшто. Така и овојпат на својот Фејсбук профил сподели:

„Извадете ја главата од туѓото тенџере. Не ми јасно од каде потребата да гледате кој што носи, каде оди на одмор, што јаде, што вози,со кого спие. Од берење туѓо гајле никогаш нема да ги решиш своите проблеми“.

На тоа познатиот актер од македонските народни приказни му реплицираше: „За жал, таа е вистината брат! Тоа е тоа , да се срамиш од тој македонски синдром“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.