Тетовец сведочи: Во моментов мојата сопруга се грижи за мајка ми во болница зошто недостига персонал

  • By admin
  • септември 11, 2021
  • 0
  • 15382 Views

Ковид пациентите во Тетово повторно со придружба од страна на семејствата кои се грижат за нив поради недостиг на персонал во болницата.

Тетовец со сведоштво пред камера на ТВ 24 – неговата мајка моментално е хоспитализирана од Ковид, а за неа се грижи неговата сопруга која е надворешно лице и не е вработена во болницата.

„Во моментов мојата сопруга и мојата мајка се во болницата каде што сопругата се грижи за мајка ми која е болна. Тоа е така поради тоа што нема персонал, но неможе да и замериме и на нив. Сепак докторите се доктори и ни треба. Но треба да се сфати и тие некои работ дека со ова правиме само лошо“, кажа тетовецот за ТВ 24.

Надлежните молчат – координаторот на ковид болницата, д-р Гзим Нуредини не ни одговори дали и во моментов за пациентите кои се хоспитализирани во болницата, се грижат нивните семејства.

Претходно уверуваа дека ковид пациентите не смеат да имаат посети од надвор или да се грижи некој за нив освен медицинскиот персонал.

Бидејќи тие посети завршија по живот за две лица кој во моментот на пожарот биле присутни во модуларната болница и се грижеле за нивните блиски.

И додека се чини лекцијата од присуството на семејствата во модуларната за време на пожарот според сведочењата не е научена.

Денес тетовци преку марш побараа одговорност за 14 згаснати животи, но и оддадоа почит на поч инатите.

На плоштадот во Тетово беа симболично засадени 14 дрвја, а во изгорената модуларна болница беше приложен венец, свежо цвеќе и се одржа едноминутен молк во чест.

Трет ден на жалост на територијата на целата земја, за пожарот во модуларната болница каде животот го загубија 14 лица, 8 жени и 6 мажи на возраст од 29 до 78 години. Обдукцијата и идентификацијата на нивните тела заврши вчера и тие беа предадени на нивните семејства.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *