Пристигна неповолна вест за Македонците вакцинирани во Србија и кои имаат нивен сертификат

  • By admin
  • август 21, 2021
  • 0
  • 4349 Views

Како што е познато во период кога во Македонија немаше вакцини или во доволна колчина над aлјадници македонски граѓани се вакцинираа против коронавирусот во Србија.

Денес Блиц пишува каде нивниот сертификат го олеснува патувањето, но и каде може да се јават проблеми.

Имено, извесен Славиша за весникот објаснува дека заминал во Франција, но ниту неговиот, ниту баркодот од сертификатот на неговата сопруга не е вчитан, и не се работи за грешка, туку тој не важи во странство.

„Апаратот кој го чита баркодот кој е вакцинира, а кој не, во Париз не може да го вчита нашиот зелен сертификат издаден во Србија. Еве во Париз не можам никаде да влезам, иако имам сертификат за вакцинација.

Оваа ситуација доведува во проблеми многу наши државјани. Не можеме да влеземе во продавници, ресторани, метро, апсолутно никаде“, вели тој.

Но, овој човек е на одмор и не сакал да се занимава со документи. Сепак, тој не е единствен. На социјалните мрежи и други граѓани се пожалиле на проблеми.

Блиц од Канцеларијата за ИТ дознал дека има проблем со вчитување на баркодот од српскиот зелен сертификат затоа што Србија не е членка на ЕУ. Различни се уредите за земјите од ЕУ, а поинакви се оние за читање на сертификати и баркодови од Србија и другите земји.

Но, велат дека и тоа не е усогласено и дека истиот проблем може да се јави и меѓу земјите кои се членки во ЕУ. Додаваат дека најважното е дека српските сертификати може да се користат во странство, но важно е да има обични читачи.

Но, Славиша вели дека ваквите читачи ретко каде ги има, и затоа ова решение не може да помогне за нив.

Блиц наведува дека ковид сертификатот од Македонија е прифатен во ЕУ, а за другите земји од регионот, процесот е во тек. Додаваат дека македонскиот сертификат ќе бидат прифатен како и другите во ЕУ, а за другите земји од Западен Балкан процесот трае.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *