Познатата српска пејачка Теа Таировиќ со нејзините хитови, но и изглед ги освои симпаатиите на македонската публика во веќе минатата, 2021 година.
Теа беше чест гостини изминатата година во локалите ширум Македонија, а така беше и во финишот на старата и почетоко на новата година.
Пејачката Теа Таировиќ откако зачекори на сцената на „Гранд“ продукција како дел од „Ѕвездите на Гранд“, се смета за една од најзгодните пејачки во Србија.
Пејачката на сцената е присутна релативно краток период, односно околу пет-шест години, а популарноста нагло и порасна по објавата на видео записи на кои добива огромни бакшиши.
Освен по добивањето на големи бакшиши на сцената, позната е и по своите жешки настапи.
Околу 5.000 евра за рефрен, 14.000 евра бакшиш на свадба, и многу слични наслови пропратени со видео снимки на кои Таировиќ е опсипана со евра и долари, редовно се објавуваат во медиумите во соседството.
Сопственици на клубови во земјава каде гостувала, потврдуваат дека влезниците за Таировиќ се продаваат додека да трепнеш, со што и е оправдан епитетот дека е една од најбараните на Балканот.
Српската пејачка Теа Таировиќ денес откако протече една снимка од нејзиниот настап викендов во соседна Бугарија се најде на уд ар македонската јавност откако го промени текстот на македонската песна „Македонско девојче“ во „Бугарско девојче“.
Таировиќ, која важи за многу популарна и во Македонија, каде постојано настапува во клубови и дискотеки, а колку Македонија е застапена на нејзиниот репертоар доволно покажува фактот што пејачката за Новогодишната ноќ настапуваше токму во нашата земја, ја ра зочара целокупната македонска јавност.
„Кралицата на бакшишот“ како што е позната во регионот, која само од еден настап може да заработи и неколку илјади евра, каде и да се појави прави одлична атмосфера пред се’ поради одличниот изглед и талентот за играње.
Таировиќ поради ова се огласи со видео порака на Инстаграм која започнува со песна на српски јазик за Македонија, а потоа следи објаснување од самата пејачка.
Ова е песна која се вика Македонија и која ќе се најде во април на мојот албум ја напиша мојот татко, песна која ја сакав и со која сакам да одадам почит, пошутвање и благодарност за сета љубов што ја имам од вас.
Вчера ја пеев песната Македонски девојче во Благоевград каде имаше Бугари и Македонци и на крајот на песна е променет текст од љубов, за искажување почит и на едните и на другите, јас пеев за една девојка во пубилка која беше многу убава.
Политичките случувајња во мојата и во вашата земја не ме интересираа, јас сум познат по тоа што спојувам луше, ширам љубов со песна.