Татјана Стојановска: Многу ми е тажно кога ќе се сетам дека не е меѓу нас

  • By admin
  • април 6, 2021
  • 0
  • 12309 Views

Денес се навршува точно една година откако повеќе не е меѓу живите Билјана Беличанец – Алексиќ. Популарната актерка која од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода реши сама да посегне по својот живот на 45 годишна возраст.

Беше добитник на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево 2000 година.

Во 2009 година ја добила наградтаа за главна женска улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“.

Добитник на признанието „Мајка Тереза“ во 2012 година.

Посебно забележана во јавноста е по синхронизацијата на македонски на некои турски серии, а народот и даде прекар „Хурем“, по синхронизацијата на ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“.

Од МВР тогаш за овој случајот појаснија дека тело го пронашол нејзиниот сопруг Сашо Миленковски. „На 06.04.2019г. околу 22.30 часот, во ПС Центар С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А.

Оваа не пријатна вест тогаш ги затечи буквално сите кои ја примија со неверување и огромна тага.

И по една година многумина не може се уште да ја преболат, а на годишницата на социјалните мрежи нејзините познаници и пријатели се потсеќаат.

Познатиот македонски бизнисмен и голем хуманист, Трифун Костовски преку својот профил на фејсбук се потсети на Билјана и меѓу другото напиша:

Мила Билјана, Со Тебе и твоето семејство години наназад споделуваме убави моменти. Ни недостасуваш со својот лик и енергија која ја ширеше меѓу своите пријатели. Поч ивај во мир!

Во коментар на објавата на Трифун Костовски се огласи и познатата македонска тв водителка, Татјана Стојановска која напиша:

„Многу ми е тажно кога ќе се сетам дека не е меѓу нас. Беше навидум кревка, а толку енергична жена. Нека по чива во мир.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *