Тара Симов: Влегов во ,,Задруга” со цел да направам пари, таму е како да те перат во машина на 90 степени

  • By klaster2
  • април 12, 2022
  • 0
  • 651 Views

Старлетата Тара Симов која има македонско потекло речиси секојдневно е во центарот на вниамнието по случувањата во ралното шоу ,,Задруга”

По низа настани што се случуваа таа го напушти шоуто и дојде во Македонија, каде во емисијата ,,Без Компас” зборуваше отворено на многу теми.

– Среќна сум што повеќе не сум на местото каде што не сакам да бидам, односно тоа е ,,Задруга” после скоро поминати три години.

– Таму едноставно мора да седиш со некој што воопшто неможеш да го поднесуваш. Првиот пат влегов поради тоа што ја раскинав свршувачката и така се случи спонтано да отидам таму.

– Со еден збор ако треба да опишам таму е како да те перат во машина за алишта на 90 степени, вели искрено Тара Симов пред камерите на ,,Без Компас”

– Ти си заедно со 40 луѓе и нема однапред испланирано сценарио, тоа што го гледаш на телевизија тоа е вистината, вели Симов.

– Буџет неделно имаме тие 10,20 и 30 евра завси на кому. За да си купиш што сакаш. Журка имавме еднаш неделно, и секогаш во вторници.

– Јас не можам без цигари и тоа беше условот за да влезам таму, јас секогаш имав а другите ми се умилкуваат за да дојдат до цигара.

– Бев влезена со цел да направам пари но го внесоа и раперот ,,Ша” со него имавме недоразбирања и се заврши како што се заврши.

– Немам некој сериозни планови, на пример музиката ја сметам како некое хоби. Но сепак ќе видиме што ќе се случува понатаму.

Инаку нејзин татко е Горан Симов, долгогодишен голман кој играчки беше дел од екипите на Македонија ГП, Силекс и Вардар.

А во тренерските води заплови водејќи ја екипата на Силекс за да потоа се префрли во редовите на ФК Вардар од каде заработи отказ на полусезоната.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.