Златно срце, црн појас. Со овие зборови најдобро може да се опише прекрасната девојка Тамара Мисирлиќ (19) од Врање, која се занимава со карате од четиригодишна возраст.
Кога првпат разговаравме со неа, таа беше средношколка која сонуваше да се запише на факултет. Оваа млада, хумана каратистка денес студира на два факултети, а за само една година направи над 50 добри дела, пишува ,,Телеграф”
Таа врати насмевки на тажните, стари, измач ени лица на луѓето кои гладуваа, мрзнea и преплашени од зимата во трошните куќи кои се зака нуваа да паднат врз нив во секој момент.
Таа усреќи и многу деца кои сонуваа само за кукли, играчки, кои никогаш не го виделе Дедо Мраз. Тамара е девојка на која вечно ќе и бидат благодарни десетици луѓе.
И тоа е само почеток. Имено, младата Тамара ќе ја основа својата фондација која во иднина ќе ја има најхуманата можна цел – да им помага на оние кои се одамна заборавени.
– Ги поднесов сите трудови за формирање на фондацијата, тој законски дел треба да биде завршен до утре. Најголема поддршка имам од моите родители кои секогаш биле со мене и ќе бидат во иднина.
Решив да основам фондација за да ја подигнам мојата работа на повисоко ниво и да им помогнам на луѓето уште повеќе – изјави Тамара за Телеграф.рс.
Својата хуманост за прв пат ја покажа кога приказната за малото девојче Ангела, која живееше сама со мајка си на планина во урна тини, допре до нејзиното срце. Од стипендијата издвоила помош за неа. Така започна се.
– Досега помогнавме на околу 50 семејства, успеавме да реновираме 10 куќи и изградивме една нова. Иако имаше некои не волји бидејќи луѓето знаат да бидат сур ови, децата кои лежат и гладуваат секогаш ќе ми бидат најголема мотивација. Поради нив никогаш не помислив да се откажам.
Убавата Тамара студира на два факултети, а одржува и карате тренинзи за деца: Најмногу учам ноќе, а часовите по карате ми се вечерни. Сега поминав за судија, па ќе можам да судам на натпревари – гордо вели оваа млада хумана девојка.
Да потсетиме, благодарение на Тамара нов дом добија бабата Благица Лазаревиќ (70) и нејзиниот бо лен син Часлав (45) од селото Воганац кои поради сиромаштијата се навикнаа на глад и живееја во колиба.
По долги години, семејството Лазаревиќ имаа причина да се смеат и да бидат среќни, одамна заборавени поради сиромаштијата и тешкиот живот на кои беа осуде ни.
Големото срце на Тамар го израдувало и Слободан Томиќ (69) од селото Спанчевац скромен и повлечен човек кој живеел во многу лоши услови.
-Слободан седи во темница, повеќе е гладен отколку сит, а во зима му студи. Две соби се во многу лоша состојба, се е срушено, а тој живее во една соба.
Со нејзиниот труд, голема инвестиција и волја, Слободан денес да има нов дом. Тамара ги посети сите семејства на кои им помогна за време на празниците и донесе топлина во нивните домови. Таа им донесе елка и уште еднаш ги потсети дека никогаш повеќе нема да бидат заборавени.
– Тренирам карате 15 години, станав помошник тренер на карате клубот Врање, а имам и пробна лиценца, покрај тоа сум и репрезентативка.
Планирам да отворам свој карате клуб и да работам со деца, дополнително да ја зајакнам мојата хуманитарна работа и да донесам нови надежи на мојот пат – додава таа.
– Мислам дека каратето е исклучително силен спорт, од неодамна стана олимписки спорт, но генерално малку се пишува за него. Благодарение на каратето и секако, не можам да не го спомнам мојот тренер, кој исто така има клучна улога во моето растење, имам голема волја и истрајност за се што правам – истакнува Тамара.