Стојанче Бојчовски од беровско Будинарци бо ледува од церебрална пар ализа, четири децении преживува со помошта на родителите.
Денес тие не се живи, а тој е препуштен сам и зема социјална помош од 4.000 денари, која не е доволна ниту за сметките.
Стојанче од раѓање е со тој здраствен проблем и скоро целиот живот го поминува по болници и зафати, живее со својот брат кој е невработен.
За да прави нови зафати нема пари, но вели доколку би се укажала шанса веднаш би заминал на зафат, бидејќи живот со солзи не е живот.
– Уште од мали нозе сум по болници, бев во Охрид каде што ми правеа еден зафат на ногата, но од тогаш ситуацијата како одминуваат годините станува се полоша.
– Дојде до тој степен да не можам ниту да се движам самостојно, ми помага брат ми и некој другари, но кога ги нема нив си седам овде во собата.
– Кога беа родителите живи беше многу полесно но ги изгубивме, мајка ми пред две години. Брат ми оди каде ќе го викнат да извади парче леб.
– Тежок е животот, раз очаран сум, кога ќе ги видам другите одат работата а јас дома врзан. На овие години наместо да земам каменот да го скр шам, јас седам немоќен, вели огорчено Стојанче.
– Голема желба на мајка ми беше да види внуче, но за жал не дочека, нер возите си го направија своето, вели Бојчовски пред камерите на ,,Срце на Дланка”
– Посакувам барем брат ми да се ожени, но и неговата ситуација е тешка, овде во Малешевијата ниту за здравите нема работа камоли за друг.
– Кога треба нешто да се купи ми помага другарот, пари не стасуваат, садиме компир, домат, грав и така некако прекаруваме.
– Јас знам да готвам и во седечка позиција приготвувам јадење. До пред две години немавме ниту перална, но да не беше селската лотарија на која ја добив немаше никогаш да имам.
– Бев кај еден доктор кој ми рече дека може да одам на зафат во Турција, но тој зафат чини 90.000 евра, а јас му велам на докторот -Ние немам ниту 9.000 денари не пак 90.000 евра.
– Голема желба ми е исто така да се санира куќата во која што живееме. Животот е многу тежок, кога те видат дека си инва лид, ти си тогаш на последно место за било што, заклучува Стојанче.
Доколку сакате да му помогнете на Стојанче да си го среди животот тоа може да го сторите на Стојанчо Бојчовски телефонски број 078/292443 или на следната жиро-сметка:240217019204374 Уни Банка