Стојанче Ангелов пред неколку моменти ја сподели најубавата можна вест на денот

  • By admin
  • август 10, 2021
  • 0
  • 38055 Views

Како што е познато од 2 август, големиот македонски празник Илинден на територијата на Македонија има секојдневно голем број на пожари.

Но оној најголемиот беше во Малешефијата, а истиот по девет дена конечно е ставен под контрола.

Оваа убава вест пред неколку моменти ја сподели првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов кој се огласи на својот профил на фејсбук и напиша:

-По неколкудневна бо рба со огнената стихија над с. Будинарци, попладнево големиот шумски пожар е совладан.

Со тоа целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој го зафати реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово.

Поаѓајки од нашето начело, безбедноста на луѓето на прво место, известуваме дека во пожарот не на страда ниту еден локален жител, ниту припадник на противпожарна или друга единица или институција, со исклучок на еден пов реден австриски пожарникар кому му посакуваме брзо оздравување.

Дел од австриската противпожарна опрема како и наши и бугарски пожарникари ќе останат да стражарат на лице место за да не дојде до повторно разг орување на оганот на одредени места, нешто што редовно се случува по совладувњето на вакви големи пожари особено имајки го во предвид засилениот ветар кој од пред малку почна да дува.

Голема благодарност до посадите на македонските и српските хеликоптерски единици и романски авиони, македонските, австриските, словенечките и бугарските пожарникари, до припадниците на Национални Шуми и Шумската полиција.

До припадниците на македонската Армија и Полиција, како и вработените во ДЗС, ЦУК и останатите институции кои на било кој начин помогнаа во совладувањето на овој, веројатно, најголем шумски пожари во Македонија досега.

Посебна благодарност до локалното население кое храбро и пожртвувано помогна во одбраната на селата од огнената стихија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *