Стојанче Ангелов попладнево јасно порача што го иритира кај јавноста

  • By admin
  • август 4, 2021
  • 0
  • 1605 Views

Директорот на ЦУК Стојанчо Ангелов во Тема на денот на Сител телевизија изјави дека пожарот во Кочани се развил неочекувано, дека бил контролиран и не постоела опа сност за градот, но кога ветрот ненадејно го сменил правецот, пожарот тргнал кон градот а градоначалникот на Кочани побарал воздушна поддршка.

– Во тој момент хеликоптерот гаснеше пожар во Старо Нагоричане каде што веќе гореа и куќи, хеликоптерот беше активен, меѓутоа јас од командантот низ разговор побарав да го пренасочи хеликоптерот кон Кочани во хеликоптерот немаше доволно гориво да отиде до Кочани и да дејствува, тој требаше да се врати до база да наполни.

Ако се вратеше на аеродром да наполни гориво тогаш ќе немаше да стигне на време до Кочани и одлучено е хеликоптерот да остане во Старо Нагоричане каде што исто така имаше сериозен пожар, рече Ангелов.

Ангелов нагласи дека средствата биле лимитирани и не е важно дали тој бил во Крушево, Кочани или во ЦУК, за онаа координација која тој ја врши потребен му е само мобилен телефон.

Апсолутно не е оправдување тоа што во јавноста се дава како одговор за „ер-тракторите“ кои што стојат паркирани три години и не се користат, изјави во Тема на денот на Сител телевизија директорот на ЦУК Стојанчо Ангелов.

– Ќе се јавите во центарот за заштита и спасување, jас немам никаква врска со авионите, во јавноста постои заблуда. Пред неколку месеци направив координативен состанок за припрема за шумските пожари и бев запр епастен од сумите кои ги слушнав.

Па стотини милиони беа ште тите од пожарите, тоа се огромни суми, но не горат пари, горат дрвја и штетата не е видлива веднаш. Затоа премиерот ми ја даде оваа мисија да направам комплетна реформа на системот за управување со кр изи, но тоа е долг процес, рече Ангелов.

Во денешната Тема на денот директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на прашање дали ќе прифати одлука од владата доколку биде разрешен кажа дека не се плаши од см ртта а не од разрешување.

„Владата одлучува и јас ќе ја прифатам секоја одлука, јас не се плашам од см ртта а не од разрешување. Работата која јас ја извршувам е неблагодарна, кој и да е директор тие се можностите. Целата не гативна енергија беше персонализирана во мене и мене тоа ме иритира“, кажа Ангелов.

Ангелов додаде дека одговорни за пожари се Дирекцијата за заштита и спасување а Центарот за управување со кр изи е само една од скалите помеѓу градоначалниците и Армијата а одлуката за употреба на хеликоптер ја носи Врховниот командант на Армијата.

Во денешната Тема на денот директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кажа дека неговата изјава за успешно справување со пожарите се однесува само на пожарот во Кочани.

„Ние успешно го изменаџиравме пожарот во Кочани кој што беше многу сериозен шумски пожар но огнот навлезе во градот. Пан иката која се појави меѓу граѓаните е оправдана но па никата помеѓу луѓето кои се на повисоко општествено ниво е неоправдана, затоа што во Кочани благодарение на интервенцијата на локалната самоуправа, другите субјекти на системот за управување со кри за и локалните жители имаме само два изго рени покриви и една штала“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *