Според Д-р. Пановски не ни се пишува добро кон крајот на месецов

  • By admin
  • август 6, 2021
  • 0
  • 2205 Views

Бројките на Министерството за здравство покажуваат дека на 5 јули имавме само 5, а вчера дури 325 новозаразени со Ковид 19. Бројот на активни се искачи на 1.268, а само пред една недела, во минатиот петок имало 456 случаи.

Додека тој на новозаразени е зголемен над четири пати, во минатиот петок имало само 74, а денеска 325 нови позитивни. Имаме и вкупно 11 поч инати лица.

Најкр итични се Скопје и Тетово. И додека состојбата во Тетовската болница е ала рмантна -директорот дал наредба медицинскиот кадар во ковид центарот да ги прекине годишните одмори -во Скопје состојбата е стабилна. На Инфективната клиника има 20 хоспитализирани, а во Вое на болница нема хоспитализирани со ковид.

И покрај апелите на стручната јавност, сепак Комисијата за заразни болести не планира вон редно да се состане.

Од Министерството за здравство го повторија она што го кажа и Филипче. Дека ќе има засилување на рестри кциите доколку продолжи да се зголемува бројот на новозаразени. Мерките ќе се однесуваат само на невакцинираните лица.

До крајот на август ќе имаме по 1.500 новозаразени со Ковид 19, но не очекувам поголем број на хоспитализирани и см ртни случаи – предупредува мигробиологот Никола Пановски откако бројките на новозаразени во последниот период драстично растат.

Пановски смета дека на време не се презеле превентивни мерки на заштита, а сега е предоцна да се сопре ширењето на вирусот, особено на делта сојот кој е позаразен.

Да 1.500 ако продолжи вака да се удвојува, не знам зошто не би се удвојувал бидејќи нема некои рес трикции, луѓето се заедно, особено младите и ќе почнат и внатре да се собираат особено понатаму.

Сега исто се собираа внатре поради многу топлото време. За жал кога беше идеална состојбата не се донесоа елементарни мерки за заштита од ширење на дeлта сојот и воопшто и на алфа сојот кои немаше да не чинат многу.

Единствено не требаше да се дозволат собирања во затворен простор и да се направи каква таква контрола на границите.

Сега е време на пожари, кога се проширил пожарот што треба да се прави не знам. Треба да објаснат зошто не направија тоа пред да се прошири ќе се забавеше ширењето, влегуваат иселениците и други туристи одеа на свадби – вели д-р Никола Пановски за Телма.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.