Соња од Норвешка: За година време работа овде купив стан и кола, а дома немав ни за да излезам на кафе со другарките

  • By admin
  • јануари 28, 2022
  • 0
  • 594 Views

Трендот на иселување од татковината зема се поголем замав. Неретко цели семејства се иселуваат во потрага по поубав живот, но најголем дел од иселениците се млади невработени луѓе.

Најчесто добиваме пораки со позитивни искуства во Германија, Италија, Словенија, па и Америка, но да се одлучиш да живееш во земја како Норвешка е навистина храбар потег.

Скандинавските земји секако се едни од најсреќните земји за живеење, но фактот дека Норвешка е меѓу најскапите земји за живеење не е баш привлечен избор за Балканците кои сакаат да почнат од нула.

Но, за некои како младата Соња тоа не било проблем. Да видиме како навистина се живее во Норвешка. „Одам во Белград неколку пати годишно и можам да си приуштам секакви патувања.

Мислам дека тоа е доволна причина за да се напушти Србија, па и која било балканска земја, бидејќи од платата како медицинска сестра кај нас тешко се преживува, а камоли па деца да се школуваат“, вели Соња.

Медицинската сестра од Србија е една од многуте здравствени работници кои побарале работа надвор од границите на родната земја. Објаснува зошто е тоа така и вели дека се преселила во далечната 2014та година.

Моментално работи во здравствена установа на одделение за продолжена здравствена нега, а станала и инструктор за проценување на здравствената состојба на пациенти.

Вели дека постои навистина голема разлика помеѓу работата како медицинска сестра во Србија и Норвешка затоа што таму професијата и е почитувана и од нив како сестри се очекува да предложуваат начин на лекување на пациентот, да го следат дејството на терапијата и да придонесат во рехаби литацијата на пациентите.

Како и за секоја друга земја добивањето на документи е вистинско мач ење но на крај се исплати.

„Веднаш добив лиценца за медицинска сестра бидејќи имав високо образование и специјализација. Норвешки јазик учев уште пред да заминам, а за работата аплицирав преку едно биро за вработување на договор од две години.

Работев во три различни установи“ , вели Соња и додава: „Од 2014 година живеам во Драмен, добив стан како медицинска сестра. Презадоволна сум бидејќи успеав по две години да купам свој стан, автомобил, а дома немав пари за да излезам на кафе со другарките.

Одам во Белград неколку пати годишно и можам да патувам каде што сакам. Како помлада не ни помислував дека ќе дојде момент кога ќе се иселам од дома.

Ама тогаш не знаев како стојат работите и живеев во совршена бајка. Никогаш не се покајав за мојата одлука. Во последно време како што слушам медицинските сестри се повеќе заминуваат во скандинавските земји или Германија, а доколку тој тренд продолжи, ситуацијата ќе биде слична како со лекарите – ќе нема кој воопшто да се грижи за бол ните“.

Ја прашавме какви се платите и животот воопшто таму. „Во просек, платите во Норвешка се поголеми во однос на другите земји, дури и да земате минимална плата, секогаш ќе ви остане нешто за настрана.

Поскапо е сместувањето, за да добиете клуч од стан мора однапред да платите за три месеци што значи дека сепак мора да дојдете со малку поголем буџет.

Ќе ви треба време за да се навикнете на цените на намирниците и алко холо, зашто не е баш евтино. Увезената храна е доста повисока, а и цените во рестораните не се мали – нормално поради повисоките плати на работниците.

Може да живеете пристоен живот тука доколку внимавате колку трошите. Во оваа земја предност е тоа што никој не се замара со вашиот живот, тука се е нормално, не треба да се чудите на ниту една ситуација која кај нас на Балканот често би бил осу дувана.

Доколку се преселите во Норвешка ќе доживеете и ценовен, но и културолошки шо к. Посебно ја препорачувам за отворени, надежни млади кои сакаат да почувствуваат сосема поразличен живот од тој на кој навикнале.

Ќе го направите правилниот избор, само имајте трпение да ги пребродите пречк ите на почетокот и конечно да го живеете животот кој го замислувавте“.

Обработил: А.Л. Фото: Илустрација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.