Секој човек во животот сака да се оствари како родител. Родителството е најубавото нешто што може да ни се случи.
Веројатно многупати сте слушнале или искусиле дека целиот живот се менува во моментот кога човек ќе стане родител.
Тогаш повеќето луѓе ги ставаат сите потреби на детето пред нивните, бидејќи тоа е апсолутно зависно од родителите.
Сепак, оваа брачна двојка не размислува како мнозинството, па поради својот став наиде на о суда од корисниците на социјалните мрежи.
Софија и Џеј се во брак 27 години, а на социјалната мрежа Тикток секојдневно објавуваат видеа во кои споделуваат љубовни совети.
Но, едно од видеата „на сите им падна во очи“ на луѓето. Имено, во видеото Софија и Џеј отворено зборуваат за тоа како бракот им е поважен од децата.
– Мајки, знам зошто иматe бу рни реакции, бидејќи сите го имаат тој инстинкт да се грижат за нивните деца.
Ние ги сакаме нашите деца, имаме син и ќерка и не велиме да не им давате приоритет на вашите.
Но, мислиме дека баш поради овој пристап сме подобри родители – ја започнува приказната Софија.
Тие двајца велат дека бракот треба да биде поважен од децата, бидејќи само така ќе го зачуваат и ќе бидат среќни.
– Грешите ако мислите дека децата треба да бидат пред вашиот брак, кога имате цврста основа, шансите да имате среќни, здрави и добри деца растат – изјави Џеј.
Видеото е прегледано повеќе од 800.000 пати и има повеќе од 127.000 лајкови, меѓутоа, не сите се согласуваат со нивниот став.
С
– Можам да го заменам сопругот, но не можам да ги заменам децата. Децата секогаш ќе имаат посебно место во моето срце – напишала една жена.
– Ја сакам мојата сопруга најмногу на светот, но нашиот брак не е поважен од среќата на нашите деца. Немојте да се чудите кога децата ќе ви завртат грб, бидејќи вие, реално, сте ло ши родители – додал еден маж.