Снеже Велков откри во што не верувала цели 38 години

  • By admin
  • јуни 11, 2021
  • 0
  • 1024 Views

Познатата водителка Снеже Велков на инстаграм објави уште една моќна порака во која вели

-Што научив од скокањето со јаже. Не е лошо да си признаеш дека не знаеш.И ич не е срамота да си прашаш за совет од туѓи искуства.

Слушни ги туѓите искуства за твојот случај па види дали функционираат,ако не, барај други или креирај си свои.

Запамети- за работи кои зависат од тебе нема лифт за качување мораш по скалилата да одиш.Постепено.Побавно.Побрзо..

По скалилата ќе ма луѓе што ќе ти се смеат,ќе има луѓе што ќе те поддржуваат,ќе има луѓе кои ќе те игнорираат и луѓе кои ќе ти аплаудираат. А тоа значи само едно-ПРОДОЛЖИ!

Ќе има денови и кога ќе ти биде тешко, кога нема да сакаш да станеш од кревет, кога ќе те мрзи и кога ќе сакаш да се откажеш. И тоа значи само едно – продолжи понатаму!

А по скалите обавезно магично ќе се нацртаат нови проблеми и дилеми и тоа пак значи само едно:Скокај, прескокнувај, и терај Даље до медаље( мх мене ми улета куче среде скокање види фотка)

И да, се ќе те бо ли.Некогаш листовите,некогаш мускулите некогаш душата некогаш главата а некогаш и уво.И се е тоа составен дел од успехот.Така се расте.Така се станува победник.

Таков е патот до секој успех,разликата е само во името на предизвикот.Мојот предизвик беше јажето. Вашиот сигурно има друго име.

Но најважното од се е никогаш ама никогаш не заборавај да си дозволиш- да бидеш почетник..

На почетниците се’ им е дозволено и да грешат и да се брукаат и да успеваат и да се глу пираат и менуваат енергија и локација,да испробуваат да веруваат и не веруваат да паѓаат и да стануваат.

А најмногу од се’ им е дозволено да тераат напред до целта и да УСПЕАТ. Затоа: Ви посакувам успеси, самодисциплина, почетничка среќа и детска храброст!

И знаете што, никогаш не е касно да почнете! Во потпис.Снеже Велков, жената која 38 години веруваше дека не знае и не може да скока со јаже за да на свои 39 години научи да скока!Блескајте

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *