Снежана Арсовска од село Ореше (Велешко) е самохрана мајка која некогаш имала планови и визија, но нештшата ќе и го промени животот. Денес е сама и незнае како да ги изведе децата на прав пат.
Животот не го милувал ова семејство, а малиот Влатко не го живее детството како неговите другари, тој е приморан да ја чува мајка си за да не ја загуби како што ги загубил татко му и брат му.
– Најмногу би сакал да се вратат татко ми и брат ми, но знам дека од таму нема враќање, мама многу ја сакам и не би сакал да ја загубам, вели малиот Влатко.
– Јас родив осум деца, пет девојчиња и три машки, девојчињата се испомажија, едното дете ми по чина, еве сега скоро ми по чина и сопругот.
– Во многу лоша состојба сум, немаме приходи, ги изгубив најмилите незнам како да излезам на крај, вели Снежана со солзи во очите пред камерите на ,,Срце на Дланка”
Снежана била нај среќната жена, имала многу деца имала 30 крави со која работела и планирала да изгради куќи на сите деца. Но пред пет години синот заминал од овој свет, а сопругот од та га по него залегнал во постела и заминал и тој.
– Синот имаше 28 години, кога по чина тој по две недели му се роди второто дете, а првото имаше само две години. Кравите ги дадовме за негово лекување, но не го спасивме, вели во солзи Снежана.
– Јас бев многу среќна жена, но наеднаш се се преврте, и сопругот го загубивме од кан цер исто како и синот, сега останав без потпора.
– Кровот протекува, и подот е во лоша состојба, тоалетот се ур на, а сега имаме полско веце. Синот замина во Скопје да работи, но седеше под кирија а плата само 15.000 денари и мораше да се врати.
– Овде нема во селото работа, а и градот е доста оддалечен, овде само ниви ако имаш, но ние немаме ниту ниви, додава Снежана.
– Снаата беше принудена да замине со внучињата бидејќи тука нема услови, тие доваѓаат одвреме навреме се слушаме, а единствено нешто што ме одржува во живот се моите деца.
– Помагам на мама колку можам, цепам дрва и слично, незнам што ке се случува, живеам во неизвеснот, куќата протекува од сите страни, вели Влатко.
– Моето се видело, туку сакам на децата да и обезбедам поубава идниниа, да имаат сигурен кров над глава, во градот за да може да работат, вели Снеже.
Доколку сакате да и помогнете на Снежана да излезе од дното, тоа може да го сторите на телефонскиот број 071 472763 или на сметката 290500019939831.