Снежана Ивева од Велес имала сосема нормален и добар живот. Таа ги изгледала своите деца и наместо да дочека внуци и да шета бебиња таа денес го гледа својот син неподвижен и врзан за количка.
А најмногу ја бо ли тоа што не може правдата да ја истера на виделина. Таа е храбра мајка на уште по храбриот син Јован.
До 2016 година имала мирен живот и никогаш не верувала дека ке дојде до овој степен и ќе моли нејзиниот глас да биде слушнат.
Јован доживува не среќа во Холандија каде како камионџија при истовар се здобива со пов реди кои ќе му го сменат животот од корен.
Тој уште од многу млад започнав да се осамостојува и да работи. На денот кога станува полнолетен веднаш полага за возачка дозвола.
А година подоцна и возачка за Ц категорија и веднаш илзегува на патиштата, во остварување на својот сон кој брзо ќе биде завшрен.
Тој уште од мал бил љубител на камионите и желба голема му била да стане камионџија. Успеал и во желбата да си купи свој камион.
Планирал да направи уште некоја тура и да се врати во Македонија и да вработи свои шофери кои ќе работата за него, но судбината не сакала така да биде.
– Синот мако трпно работеше за тој камион, си го отплати даде и дополнители 4.000 евра за да го среди. И со тој камион замина на пат во Холандија.
– Толку му веруваше на газдата што не се брзаше да го преведе а мојот син му ги даде сите пари. Планираше да отиде уште една тура и да се врати тука.
– Сега газдата ден денеска го вози тој камион, од потта на мојот син, каде е овде правдината. Дури и му ги одлепи налепниците што беа на истиот, вели мајката Снежана.
– Дојде време да си го земеме од болница, девет дена не можевме да го донесеме. Нашиве не враќаа на никакви пораки а проблмот бил 2.000 денари.
– Кој ќе го донесе од аеродродмо до болницата, трошок од 2.000 денари. Овде во ,,карил” не сакаа ни вода да му дадат. Оставив неколку шишиња за вода но само едното беше отворено замислете така 4 дена, вели таткото на Јован.
– Ниту едно сокче не сакаше да му даде на синот, едноставно му даде отказ со орпавдание дека има намален обем на работа, додава тој.
– Тој се здобил со тие неугодности на работно место во работно време, но немаме добиено ни денар, вели пред камерите на ,,Срце на дланка” таткото на Јован
– Барам разрешница и некоја поткрепа од нашите институции, мене не ми ни требаат пари мене ми треба детето да застане на нозе, но правдата мора да излезе на виделина.
– Фактури стигаат за да платиме во вкупна сума од 250.000 евра. Сето тоа требаше да го покрие сопственикот, но набргу по не среќата тој ја затвара таа фирма.
– Еден ден во Холандија чинеше 2.000 евра, благодарение на досегашните донации ни го лекувавме синот, сега сакаме да продолжиме со тоа, со цел да застане на нозе, вели Снежана.
Доколку сакате да му помогнете на Јован да застане на нозе тоа може да го направите на Сметка за донација 250014000660205 sparkase banka, Јован Ивев
Сметка за донација од странство Acc. No 02-307-06574978 IBAN MK07300307065749778 SWIFT KOBSMK2X Број за донација 143 131 за корисниците на Македонски Телеком Број за донација 143 479 за корисниците на А1