Староста е период кога треба да се ужива, времиња каде треба да се радувате на внуците да уживате во слободата и без притисоци.
Но не секој може да ужива во поодминати години, некој се уште се борат да го преживеат денот, да сврзат крај со крај.
А доколку сте и сам во поодминати години ситуацијата е уште по комплицирана и потешка, препуштени сте сами на себе и никој не ве гледа.
Ваква судбина има и 74- годишниот Слободан Крстиќ кој живее длабоко во планината Рид, на 10 километри оддалеченост од асфалтот, на место каде што не пристигнало ниту теренско возило.
„Тоа е моја колиба, немам ништо, луѓето ми донесоа кревет и шпорет, јас спиев на даски претходно, студот ми влегуваше во коски.
Насмеаниот Слободан живее со 7.000 динари, социјална помош месечно. Пари кој не стигаат ниту за најосновното, повеќе ги дава на лекови отколку на храна.
„Веќе сум стар и веќе не можам да одам ни до продавница, кога паѓа снег не можам да одам никаде, правам супи и јадам сув „леб“
,, Но почесто денот го поминувам и со сува корка леб бидејќи немам а веќе и не можам многу да се движам да одам по продавници.
,, Јас сум сам овде осамен нема ни продавница ни куќа, ни човек со некого да си направите два реда муабети, вели Слободан пред објективот на Тамара Мисирлиќ
Хуманитарката дојде и го посете овој човек по долги години, како што вели никој не го видел. Го сослуша и му вети помош.