Славчо: Со огревно дрво годинава ќе биде долга и широка – не знам што и е филмот на дрварите

  • By admin
  • август 4, 2022
  • 0
  • 411 Views

Годинава како и се друго, така и огревното дрво поскапе, а цените од ден на ден одат се повисоки, а за волја на вистината и го нема и е вистински предизвик да се дојде до него.

Се повеќе читатели се јавуваат со реакции до нашата реедакција за ситуациите со кои се соочуват, а една од нив е и на Славчо Г. кој реши да сподели:

„Веќе добро познато е дека се потешко може да се дојде до огревно дрво, а сведоци сме дека на бројни луѓе се откажуват веќе однапред платени и договорени кубици на дрва“.

Уште на почетокот на јуни пазарив дрва и тоа од две места. Едниот дрвар (превозник на дрва) требаше да ми донесе 10 кубика буково дрво, додека другиот 6 кубика дабово дрво.

Но поминаа еве два месеци нема ни трага ни глас од дрвата што ги пазарив, а како одминува време се повеќе се мислам како ли ќе ја поминам зимата и дали воопшто ќе добијам дрва.

Но она што ме натера да се обратам до јавноста е односот на дрварите, односно превозниците на дрва. Стварно не знам кој им е филмот. Што ли само се замислуваат и какако ни малку немат грам совест кон потрошувачите и нивните муштерии.

Едноставно, ги бараш на телефоно и се јавуваш, но не ти креваат, дури и те одбиваат. Им праќаш порака, но не добиваш никаков одговор. Барем да се јават, не знам што е толку тешко. Да кажам вака и вака, стрпи се, има, нема дрва. Ќе биде или снајди се некако.

Ма ни абер од тоа, не знае човек на што е и се поголема неизвесност се створува, стварно не коректно и не долично од нивна страна.

А за нивната др скост и не сакам многу да зборувам. Си ставаат цена каква сакаат, започна од 3500 во мај, а сега дојде 4800. Преку ноќ буквално си ја накачуваат цената, а и кога ќе ти докараат дрва има што да видиш.

Квалитетот далеку од добар, а и ја нема кубикажата, но луѓето едноставно немаат избор. Им велат шоферите на дрвата, ако не сакаш да ги истовариме си одиме, има луѓе што ќе ги земат. Значи не се прави муабет со нив, мислеш којзнае кои се.

Автор: С.Л. Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да биде ремитуван и превземан без дозвола од редкацијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *