Славољуб веќе 5 години докажува дека е жив, досега 20 пати го преместувале во вечноста

  • By klaster2
  • февруари 23, 2022
  • 0
  • 540 Views

„Јас сум Томислав, Сава, Јордан, Вукосав, Крсто, Милутин и Светослав, а всушност јас сум Славољуб Стојиљковиќ од Доња Трнава кај Прокупље“, вака пред пет години за медиумите изјави Славољуб Стојиљковиќ, кога дознал за бирократскиот ха ос во кој во документацијата е запишано дека претходно заминал на другиот свет 20 пати, а не се родил ниту еднаш.

Тој можел непречено да живее, работи и патува, иако како што вели во полето за матичен борј го пишува бројот од катастарот. Славољуб остана човек само со име и презиме, а неговите ма ки продолжуваат и денеска, пренесува „Прва“.

– Кога мајка ми замина во вечноста по грешка на селскиот матичар настана недоразбирања и од тој ден и тој миг успеа да го искомплицира животот на цело мое семејство.

Така неговата ќерка наместо со евидентираната тежина се родила со ширина на земјиште , А неговата мајка заминала во вечност под името Милован Миленковиќ.

Славољуб дознал дека бил во канџите на бирократијата кога сакал да го врати имотот одземен од неговото семејство уште од поодамна.

А потоа при собирање и истражување на документацијата дознал дека се вика Крстивоје Столиќ, во министерстовов за внатрешни работи се води како Томислав Тасиќ а плаќа данок како Милорад Коциќ, а целиот имот во катастарот е заведен на Милутин Столиќ.

Во документите на Славољуб грешките за кои тој зборува не се видливи со голо око, ниту пак во системот, па изминативе пет години живее во потрага за докажување на правдата и буквално секој ден забележува некои грешки.

„Мојата ќерка не е родена со четири килограми и сто грама, туку со 24 декари земја. Според документацијата, ова е отпусен лист од болницата од 1980 година.

,, А од матична книга на родените јас дознав дека сум постар од татко ми и мајка ми, дека сум крстен уште пред да се родам“, вели Стојиљковиќ за ,,Прва рс”

Меѓутоа, кога оди да извади извод од матична книга на родените, го третираат како личност која постои, но не и како човек.

„Јас постојам, но всушност сум земјиште. Јас сум 442 метри квадратни, пишува катастарски број 35 – 442 метри квадратни.

,, Тоа е Стојиљковиќ Славољуб. Во матично отидов само кога извадив документи, лична карта и државјанство. Тие знаат дека има проблем“, додаде тој.

Во споменатата регистрација не забележавме грешки, а странката има право да изврши увид во неговата регистрација“, стои во одговорот од матичната служба на Прокупље.

Неговиот проблем, вели, може да се реши со дигитализација и централен систем. Тие треба да ги воведат сите луѓе во системот, легално, и секој да има свој идентитет“, заклучува Славољуб.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.