Славе: Јас горе во Германија, кај нас во Италија, ве молам доста со тие фалби

  • By admin
  • август 10, 2021
  • 0
  • 6586 Views

Во период на летната сезона и одморите кога скоро сите иселеници доаѓаат во Македонија да користат одмор, до редакцијата на Кластер стигна реакција од нашиот читател Славе, насочена кон одреден дел од иселениците. Ви го пренесуваме неговото мислење.

“Од мал сум воспитуван да ги почитувам другите луѓе и нивните одлуки, но за едно нешто не можам а да не искоментирам. Ова важи скоро за сите мои сограѓани, па и од цела земја, кои живеат и работат во странство.

Знаеме дека таква ни е ситуацијата што секој втор одлучува да замине на печалба во туѓа земја, но ве молам малку олабавете со воздигнувањето и пофалбите.

Никој од арно не заминал, но не мора да правите дека ние тука што сме останати сме заостанати и ништо не разбираме. Имам и јас пријатели и роднини во странство и ова што го кажувам важи за сите.

Кој сака нека се на вреди, воопшто не ме интересира. А како велат, се на вредуваат оние кои ги бо ли вистината која не сакаат да ја прифатат.

Добро, си се иселил, си имал прилика за тоа и сега заработуваш убави пари, но не мора да досадуваш наоколу со тоа дека во странство цвета. Не знам за вас, но јас имам такво искуство со секој кој е заминат во странство.

Ете јас не сум имал прилика да се иселам, имам големо семејство тука и убаво си живеам иако работам во фабрика. Никогаш не одам по луѓето и да се жалам колку ми е тешка работата, малку пари ми даваат и слично.

Штом морам ќе работам и ќе молчам кога немам друг избор. Не како нашите сограѓани кои ни продаваат приказни дека во туѓа земја се е најдобро, како демек баш нив ги чекале таму.

Вакви работници како нашиве никаде во светот нема. Да бевме големи работници земјата ќе ни одеше напред, немаше сите да чекаат административна работа и работа под клима цел ден.

Заминуваат во странство да ‘рмбаат за пари, ќе се исцедат од работа, но важно тие се најдобри, подобри и од нивните жители. Најинтересни ми се оние стандардните муабети “абе газдата ептен ме засака и секогаш сум меѓу првите. За се што треба мене ме ангажира, ептен се покажав и ме ценат“.

Или „Јас горе во Германија како живеам… кај нас во Италија не е така, има ред, сегде сме пречекани како што треба, сите не сакаат“, ве молам доста со тие фалби.

Газдата ќе те засака, баш тебе или твоите деца. Тие не те ни гледаат таму, сакаат само работа од тебе. Веројатно има и исклучоци, навистина дека е така, ама сè друго е само празен муабет.

Вие сте само нивна работна си ла и ништо повеќе и не се ценете за џабе. Да ми се фали некој со факултет што отишол да работи на струка и навистина го засакале зашто покажал знаење ќе поверувам, но вакви фалби на друг кажувајте.

И моето дете тука се покажа добро и го унапредуваатз но не се фалам по народот дека баш директорот го засакал многу и заради тоа.

Ги знаеме таквите приказни веќе, очигледно е дека доаѓатр тука и само пред нас се фалите и глумите елита, дека сте богати, возите коли, а тоа се всушност изнајмени автомобили од фирмата каде што работите.

Еве и за мои роднини сум сведок, знам од каде потекнуваат, какви беа на времето, па сега доаѓаат од странство и се прават многу јаки пред нас.

“Еј ти знаеш ли кај нас горе како е, не знам што чекаш уште, гледаш како живееме, секоја недела шетаме, на море одиме, вие тука доле освен политика и работа друго ништо не знаете. Ве ун иштија со малите плати”.

Чекајте малку луѓе, не кажувајте дека живеете како во сон, знаеме дека сте изна мачени по цела година од работа само за да можете да дојдете 2 – 3 недели тука и да глумите елита.

Ама не е за маана, кога ќе видам какви се возат џипови и јаки коли, какви ланци околу вратот носат, воопшто не сум зачуден. Тоа се луѓе што викаат еКспресо и лажичката ја џвакаат в уста, а се странци во туѓа земја.

Таму не дозволуваат да се правите многу јаки и да продаваат чалам со автомобилите, а штом дојдете тука се однесувате како да не сте виделе пат, ги стартуваат колите мислиш на народот многу му е гајле каква кола имате.

Но тоа е, македонски менталитет, скромниот ќе си молчи и ќе работи, а другите фалбаџии ќе зборуваат напразно, ќе се фалат и за работи кои не се точни, но не признаваат”.

Автор: А.Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *