Скопјанецот Хасан со 5000 денари цел месец треба да врти фамилија: Самиот не знам како да им помогнам на децата

  • By admin
  • април 17, 2021
  • 0
  • 1413 Views

Уште една сторија за тежок живот е онаа на Хасан Џемаили од Скопје кој живее со двајцата синови и сопругата.

Кога екипата на ТВ21 го посети, тој беше сам дома. Рече дека сопругата отишла на преглед, бидејќи има проблеми со срцето.

Како болестите кои што ги имаат како да не се доволни, ова семејство мака мачи и со сиромаштијата.

Хасан вели дека иако има проблеми со здравјето, сепак работи кога ќе успее да најде работа.

-Затоа се трудам колку можам, работам кога ќе најдам некоја приватна работа. Се борам сѐ до последниот миг. И јас имам проблеми со здравјето. Да имав добро здравје ќе отидев во Агенцијата за вработување за да ми најдат работа. Како 4-члено семејство да живее со 50 евра?-рече Хасан.

Неговата најголема желба е тој и неговото семејство да бидат здрави и да ја реновира куќата.

-И јас самиот не знам како да им помогнам на децата… Не знам што да кажам, немам некоја голема желба – да поживееме и колку можеме да ја реновираме куќата-рече Џемаили.

Али е долгогодишен пријател на Хасан. Тој е бербер и вели дека секогаш кога е во можност му помага на својот другар.

-Пријателот секој ден доаѓа во мојот дуќан, од мене бара помош и храна. Колку можам му помагам, јас како бербер со моите можности секогаш му помагам.-вели Али Февзи.

Семејството Џемали месецот го крпи со само 5 илјади денари социјална помош. Хасан вели дека овие пари се малку за живот, со оглед на тоа дека мора да купува и лекови за неговата сопруга.

Доколку сакате да помогнете, тоа може да го сторите преку Али Февзи на 070 330 566.

Целата сторија може да ја проследите на ТВ 21

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *