Силно и емотивно овековечен ликот на Атиџе од Медена земја – Сузе ги сподели деталите

  • By klaster3
  • мај 21, 2022
  • 0
  • 258 Views

Големото пријателството помеѓу македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка Сузана Турунџиева и Атиџе Муратово не е нешто ново и истото отиде и чекор понапред откако започнаа и заедничка музичка кариера.

Главниот лик од документарецот „Медена земја“ Атиџе Муратова и понатаму знае да биде интерес во јавноста, пред се поради нејзината скромност и непосредност, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.

Атиџе Муратова од апсолутно непознат лик стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд.

За разлика од многумина кои ја искористија петминутната слава за да бидат во друштво со Атиџе, Сузе и остана верна пријателка па тие две често се дружат.

На крајот на претходната година Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева им го претставија на фановите нивниот прв – долгонајавуван албум „Пола тебе – пола мене“.

„Атиџе – ни најголемите академици и научници не успеаја на човештвото да му подарат такви вистини и лекции, како што тоа го направи ТИ! Една и единствена, кралица без круна! А јас, јас сум тука и не те оставам“, напиша Сузе во една прилика.

Таа е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто.

Живот многу не ја мазеше Сузе, па таа загуби неколку сакани и блиски личности, меѓу кои нејзинито сопруг Маријан и брат и Панде.

Сузе и Атиџе многу често се дружат, дали во Дурфулија, дали во Скопје, а 20ти мај – светскиот ден на пчелата Сузе го одбележа во училиштето каде што работи со творби посветени на Атиџе и на пчелите. По тој повод на Фејсбук профилот напиша:

„Симболично и со многу труд и љубов, денес во нашето училиште го одбележавме 20ти мај – Светскиот ден на пчелата. Честитки на сите наградени и учесници на двата конкурси на тема “Пчелата – чудо на Универзумот ”

и огромна благодарност до Лого Шоп Мк кои ги изработија прекрасните торби со ликот на Атиџе, кој на платно го овековечи големиот уметник Саше Милевски и го постави на хуманитарна аукција, Дуги принт кои ни ги испечатија дипломите,

на наставничката Јола за преубавиот дизајн на истите, на авторката на енциклопедиите за пчелата како планетарно чудо – Ирина Момироска, кои ги подаривме на сите 25 наградени, на Атиџе – која ни беше инспирација за да организираме хуманитарен базар во нејзина чест

и на екипата на Медена земја која нам и на човештвото ни ја подари Атиџе – жената која на светот му ја испрати најмоќната порака: ПОЛА ЗА ПЧЕЛИТЕ, ПОЛА ЗА МЕНЕ!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *