Се огласи Д-р. Мишко Гроздановски кој доби отказ: Ова е време на полтрони

  • By admin
  • август 5, 2021
  • 0
  • 15434 Views

Докторот специјалис невролог Мишко Гроздановски денес се огласи преку својот профил на фејсбук каде што напиша:

-Во овие тешки мигови врзани за пожарите кои ги пус тошат „белите дробови“ и човечките добра во источниот, северниот и јужниот дел на Република Македонија, а истовремено кога медиумски „еск алираше„ темата за мојот отказ од Здравствен Дом Скопје, чувствувам морална потреба да напишам кратка беседа за да нема натамошни „ш пекулации“ во медиумите и евентуална зло употреба за политички пре сметки бидејќи целиот мој живот сум политички НЕКОНТАМИНИРАНА личност!!!

Имено,во Четвртокот на 29.07.2021 година успешно заврши КУ КАВИЧКАТА мисија на главниот менаџер и медицински директор на Здравствен Дом Скопје – др Виктор Исијановски.

Успеа, поради по вредена соспствена суета и его, да натера еден успешен, искусен и докажан професионалец во својата област- Неврологија, да даде отказ од работното место кое беше олицетворение на беспрекорно организиран кабинет во рамките на Здравствениот Дом Скопје.

Да, тој успеа мене, Др Мирослав Гроздановски, не можејќи академски како созреан човек и интелектуалец со капацитет да ја восприми сатиричната јавна објава на Професор доктор Никола Пановски апропо јавно поставената неписмена табла над кабинетот за Дерматовенерологија во поликлиника Букурешт, успеа да ме натера под пре сија од МО БИНГОТ кој го вршеше врз мене, да дадам ОТКАЗ ( т.е. да добијам отказ).

Поради принципиелното несогласување со неговата импулсивна одлука да ми даде решение за прераспределба во друг објект од Здравствениот Дом( решение кое не го потпишав а ми беше доставено веќе утредента после јавно објавената сторија за поставената табла).

Без никакво образложение, без да ме повика на разговор како секој нормален менаџер и интелектуалец, без да образложи јавно дури и на менаџерскиот тим.

Некој ќе рече дека е тоа в ред, во негова ингеренција е, но Фактот дека одлуката е донесена промптно и импулсивно, Фактот дека немаше никаков разговор, Фактот дека со мене работи колешка која е 20 тина години помлада од мене и во усталените досегашни принципиелни практики секогаш помладите колеги ускокнувале таму каде има потреба а колегите кои се пред пензија практицираат таму каде што се веќе затекнати.

Фактот дека таа колешка веќе после неколку дена ја НАГРАДУВА( солиден месечен паричен надомест плус ) со поставување на позиција Раководител на Невролозите во З Д Скопје иако е убедливо најмлада и со најмало искуство од сите нас во таа специјалност( а раководител исто немавме 7 – 8 месеца наназад), – ЈАСНО говори дека се работи за КЛАСИЧЕН МОБ ИНГ врз колега.

Во нашиот краток разговор, телефонски, на моја иницијатива откако првично чекав 7 дена да бидам исконтактиран, на моето прашање ЗОШТО ?, тој повторно КУ КАВИЧКИ одговори дека тоа нема врска со поставената табла над Дерматовенерологија туку дека тој има потреба од таков кадар и дека ме цени како невролог( а како ме цени кога ниту се знае лично со мене, ниту пак се распрашал во поликлиника Букурешт кој сум, , каков сум како професионалец, колку се имам заложено за добриот имиџ на нашиот кабинет и воопшто каков сум човек по природа, дали сум од категоријата РЕКЛА КАЗАЛА, дали сум од категоријата што стално доцни на работа, дали сум од категоријата на колегите што јавно флертуваат меѓу себе на работното место и слично?? ).

Повторно се наметнуваат неколку прашања и одговори со кои се разоткрива неговата ПОВРШНА умисла за ОСВЕТА НА ПОВРЕДЕНОТО ЕГО (да повторам, пов редено од Проф. Пановски, не од мене!.)

ПРВО- ако имал толкава потреба ЗОШТО чекал да го пополни тоа место 7 – 8 месеца а не ја повлекол веднаш најмладата колешка меѓу нас??

ВТОРО- ако толку ме почитува како високопрофесионален стручњак, ЗОШТО ниту еднаш не ме повика на разговор во неговиот кабинет и ЗОШТО мене како искусен во областа ( или некоја од другите повозрасни и искусни колешки )не ме постави за РАКОВОДИТЕЛ на невролозите од З Д Скопје??

ТРЕТО – ако му требало таков кадар во БитПазар, зошто е таа диск риминација па овде во пол. Букурешт да нема таков искусен кадар?? Итн., итн,.

За да нема пак недоразбирање, за мојата помлада колешка невролог се најдобро, работата си ја врши сосема коректно, но сепак е помлада од мене 20 тина години и сеуште учи учеше) од мене за тај ните и предизвиците на Доплер Сонографијата на екстракранијалната циркулација.

Но нема веќе да ја елаборирам АПСУРДНОСТА на оваа одлука на овој колега недостоен за позиција МЕДИЦИНСКИ МЕНАЏЕР на толку голема здравствена институција, туку само ќе изразам жалење за разделбата од објектот поликлиника Букурешт, поточно Кабинетот за неврологија, Кабинетот за Електроенцефалографија ( ЕЕГ )и Доплер кабинетот за Невросонологија на екстракранијалната циркулација, кабинети каде ја вложив сета моја енергија, сето мое научено знаење и вештини од предходно, сета моја човештина, топлина и емпатија во комуникација со пациентите, кабинетите кои сеуште беа кр вотокот на мојата научна амбиција!!

Истовремено сакам да изразам посебна благодарност до мојот прв соработник, медицинската сестра Светлана Лазаревска, искусен професионалец која со своите идеи и професионално однесување допринесе во голема мера да имаме скоро секојдневна гратификација од нашите пациенти – за тоа како ни се средени кабинетите, како редовно и навремено ги опслужуваме и како наликуваме на вистински професиналци достојни да го носат белиот мантил.

Имав одлична соработка и со сите колеги во зградата, секогаш им бев на услуга за било кое прашање, побаран совет или преглед за некој нивен близок човек и пациент, и обратно.

Благодарам на подршката и соработката и на техничкиот тим во поликлиниката како и во централата во поликлиника БитПазар ,кои секогаш, почитувајќи ја мојата емпирија како невролог и професионалниот однос кон работата и работниот амбиент, во коректен рок одговарале на потребите за тековното одржување и унапредување на нашиот кабинет.

За колегите пак кои имаат моќ само да разменуваат коментари по ходниците или скриени по своите кабинети а со *главата во песок*, немам коментар, бидејќи ова е време на живеење во стр ав од јавно кажан збор, ова е време на ПОЛТРОНИ, и ова е очигледно време на дволичност ( кога им треба било каква услуга,- Циле -Миле, а кога имате потреба барем од морална подршка, скриени се во своите ДВОЛИЧНИ КАПСУЛИ).

Огромна, ама баш огромна благодарност и до сите мои блиски пријатели, другари, колеги, сограѓани, роднини, соседи и сите други луѓе кои ИСКРЕНО и ЈАВНО ми изразуваат морална подршка во даденава ситуација.

Јас ја напуштам позицијата во оваа поликлиника со чист образ, гордо крената глава и како принципиелен застапник и симбол за сите искусни колеги, кои оставиле долги години практицирање на медицинската наука низ кабинетите во Здравствените установи и кои барем неколку години пред нивното пензионирање очекуваат достојна почит од менаџерските тимови кои се секогаш менливи и минливи.

Тие исто имаат прилика да остават белег за своето работење а тоа зависи исклучиво од нивната човечност, од нивниот ментален капацитет за организација и менаџирање со колективот и се разбира, пред се , ОД НИВНОТО ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ!!!

На крајот, почитувани мои драги пациенти, мојата зададена мисија како лекар, поготово како ВАШ ЛЕКАР и ПРИЈАТЕЛ, ќе продолжи и натаму, а за мојата идна локација на практицирање секако ќе ве обавестам јавно или преку вашите матични лекари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *