Се зголемува додатокот за деца во Германија – познато по колку ќе се добива за секое дете

  • By admin
  • ноември 11, 2022
  • 0
  • 188 Views

Доаѓа олеснување за милиони домаќинства во Германија! Бундестагот усвои различни мерки за помош за станарите и семејствата, вклучително и реформа на станбениот надоместок, зголемување на детскиот додаток и даночна реформа, објавија германските медиуми.

Со гласовите на коалицијата СПД, Зелените и ФДП, Бундестагот, исто така, одлучи дека од 2023 година станоиздавачите мора да учествуваат во трошоците за данокот на јаглерод диоксид за станбените згради.

Реформата на станбените додатоци има за цел да растерети многу домаќинства со ниски примања. Реформата се очекува да го зголеми повеќе од тројно бројот на домаќинства кои имаат право на станбен надоместок на два милиони.

Дополнително, висината на станбениот додаток треба да се зголеми од просечни околу 180 евра месечно на околу 370 евра месечно.

Сепак, градовите и општините најавија дека ќе им требаат неколку месеци за да го реализираат и обработат очекуваното море од барања. Дополнителните трошоци за промена на станбените додатоци се проценуваат на околу 3,6 милијарди евра.

Издавачите на становите мора да учествуваат во трошоците за данокот на CO2

Фактот што сопствениците на становите треба да учествуваат во трошоците за данокот на јаглерод диоксид за фосилни горива, кој беше воведен во 2021 година, им олеснува и на станарите, бидејќи досега мораа сами да ги плаќаат.

Одлучено е и зголемување на детскиот додаток од 1 јануари 2023 година. Коалицијата Семафор на СПД, Зелените и ФДП оваа недела се договорија за поголемо зголемување од првично планираното.

Досега детскиот додаток треба да се зголеми на 237 евра месечно на 1 јануари 2023 година за прво, второ и трето дете. Треба да биде 250 евра од четврто дете и за секое наредно дете.

Со поголемото покачување на 250 евра кое сега е одлучено, веќе не важи претходното оценување на додатокот според бројот на деца. Родителите во моментов добиваат 219 евра месечно за прво и второ дете, а 225 евра месечно за трето дете, пишува Феникс Магазин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *