Хуманитарната организација ,,Србизасрбе” досега помогнала во реновирањето или градењето на многу куќи ширум Србија но и Македонија.
Овој пат оваа организација дејствуваше во скопско Кучевиште, каде при првата посета затекоа лоша слика, а сега со нивна помош ситуацијата е драстично променета.
„Го посетивме семејството Пирковиќ во Кучевиште. Семејството го сочинуваат мајката Благица и четири деца: Елена (26), Моника (23), Даниел (22) и Никола (13).
,, За жал, таткото на семејството по чинал додека чувал крави на планина. Покрај пензијата, мајка Благица работи и разни работи за да го пополни домашниот буџет.
,, Семејството Пирковиќ живее во голема куќа која ја делат со својот девер. Потребно е уредување и приспособување на две соби на приземје, велат од органиазацијата.
Вака ја воведе приказната за ова семејство екипата на ,,Србизасрбе”, опишувајќи во какви лоши услови живеше ова семејство.
Тие неможеа ниту на сон да замислат каква промена ги очекува а кога зачекорија во нивниот реновиран дом останаа со отворени усти.
,, Реновираниот дом на семејството Пирковиќ од Кучевиште беше свечено украсен со благодарница и српско знаме, а домаќинскиот дочек и празнична трпеза ги пречека сите членови и пријатели на нашата организација!
,, Хуманитарната организација Срби за Србите целосно реновира две соби за семејството Пирковиќ, ходник, направи скали и тераса, стави фасада на куќата, постави столарија и изгради канализациона мрежа.
,, На семејството е купено кујна, електричен шпорет, шпорет на дрва, фрижидер, три кревети со душеци и три плакари. Вкупната вредност на помошта е 9.544 евра, стои во соопштението на организацијата.
ФОТО: ,,Србизасрбе.рс”