Светот добива уште една независна држава

  • By admin
  • ноември 28, 2021
  • 0
  • 280 Views

Поранешната британска колонија Барбадос следната недела и формално ќе ја отфрли својата поврзаност со британската круна, а Елизабета Втора повеќе нема да биде шеф на државата на островската држава.

Така, земјата трајно ќе ги прекине сите врски со Обединетото Кралство речиси 400 години по пристигнувањето на првиот британски брод на карипскиот остров.

Со формалното отфрлање на својата вазалност, Барбадос сака да раскине со сите од своето колонијално минато, пишува Ројтерс.

Така Барбадос ќе добие републиканска власт 55 години по прогласувањето независност на 30 ноември 1966 година и речиси четири века по пристигнувањето на првиот британски брод на неговите брегови во 1625 година. Тогаш колонизаторите го прогласија за сопственост на кралот Џејмс I.

Потегот преземен од Барбадос може да се смета како предвесник на судбината на другите британски колонии, кои исто така може да бараат да ги прекинат врските со британската круна по крајот на владеењето на Елизабета Втора, која беше на чело на монархијата речиси 70 години.

Престолонаследникот Чарлс ќе присуствува на прославите по повод целосната независност на Барбадос во главниот град на земјата, Бриџтаун.

Ова е прв пат една земја формално да го отфрли владеењето на британската кралица по 30 години. Ваков чекор Маурициус последен пат направи во 1992 година, кога се прогласи за република. Сепак, островот, кој се наоѓа во Индискиот Океан, остана дел од британската заедница – заедница на 54 поранешни британски колонии, дом на повеќе од 2,5 милијарди луѓе.

Барбадос ќе го задржи своето членство во оваа заедница и по транзицијата кон републиканско владеење.

Официјалниот став на Бакингемската палата е дека одлуката на Барбадос целосно зависи од волјата на локалното население.

Во моментот кога првите Англичани пристигнале на Барбадос на почетокот на 17 век, островот веќе бил напуштен. Причина за тоа се нападите на шпанските морнари, кои го принудиле локалното население да побегне на соседните острови. Првично, британските колонизатори користеа британски работници за одгледување насади со тутун, памук, индиго и шеќер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *