Сашко Коцев се пофали со двоен јубилеј – на приватен и на професионален план

  • By admin
  • февруари 23, 2022
  • 0
  • 529 Views

Сашко Коцев без сомнение важи за еден од најдобрите македонски актери кој знае секогаш да ја насмее публиката, кога станува збор за неговите професионални ангажмани секогаш е подготвен да зборува.

За Коцев нескромно може да се каже дека е омилениот македонски актер, па затоа кога му се случува нешто ново на приватен и професионален палн, тоа секогаш предизвикува внимание и рекации од јавноста, односно неговите бројни фанови.

Во едно неодамнешно интервју за „Бекстејџ“, Коцев вели дека е доста самокритичен и дека за некои работи не очекува награди, па кога ќе ја добие е пријатно изненаден.

„Веднаш е чувство на една одговорност и пред публиката, екипата и пред колегите дека си добил толку и толку награди и тоа треба да го оправдаш“ вели актерот.

Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи.

Како што е познато актерот Сашко Коцев веќе една деценија е во брак со сопругата Смиљана, а неодамна имаше убав повод за радување и славење.

Докторката Смиљана Бундовска – Коцев ја одбранила својата докторска дисертација на Медицинскиот факултет во Скопје и станала доктор на медицински науки – клиничка медицина.

Сашко Коцев често знае да се огласи на социјалните мрежи и во свој стил да каже она што го мисли, кратко и јасно. Така беше и овојпат кога на својот профил на фејсбуку се пофали со двоен јубилеј, на приватен и на професионален план:

Мојата прва Златна бумамара ,2006 год. А, на истиов датум 2012 год земав па се оженив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.