Сарма: Филипче не може да му поднесе оставка на Заев – објасни и зошто

  • By admin
  • септември 11, 2021
  • 0
  • 17349 Views

Новинарот од ТВ Сител, Александар Спасовски Сарма се огласи пред малку преку својот профил на фејсбук и напиша:

Мали детали од македонскиот политички систем:

Согласно Уставот во Македонија министрите и премиерот ги избира Собранието. Филипче НЕ МОЖЕ да му поднесе оставка на Заев бидејќи Заев него не го избрал, туку Собранието.

За избор на Министер исто како и за Премиер потребно е апсолутно мнозинство во Собранието (61 глас).

За крај на функцијата на Филипче во овој момент има неколку начини

1. Заев има право да му предложи на Собранието Филипче да биде сменет (за тоа му е потребно апсолутно мнозинство 61 глас од пратениците)

2. 5 пратеници можат да му предложат на Собранието Филипче да биде сменет – тоа е популарната интерпелација (потребно мнозинство од 61 глас за да им се прифати интерпелацијата)

3. Филипче сам да поднесе оставка до Собранието ( оставката се констатира на првата седница, не треба гласање и Собранието не води расправа за тоа)

4. Собранието да се распушти (потребно е апсолутно мнозонство од 61 пратеник) крај на мандатот на Собранието а со тоа и на Владата

5. Премиерот да поднесе оставка или да му биде изгласана недоверба (61 глас) , крај на функциите на сите министри

Значи, “понудената оставка” на Филипче може да ја “прифатат” било кои 5 пратеници и на Собранието да му ја поднесат исто како што би му ја поднел Заев.

Да проблем е што Претседателот на Собранието го “витка” Деловникот па интерпелации за министри чекаат по 10 месеци, сепак факт е дека постои чл.72 во Уставот и чл.45 и чл.47 во Деловникот

Да имаше реална намера за оставка министерот тоа ќе го направеше со писмо до Собранието а не до премиерот, а опозицијата ништо не ја спречува сама да побара доверба во Собранието.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *