Сандра од Штип во солзи: Ми ги искористуваат децата, ве молам спасете ми го семејството

  • By klaster2
  • јуни 28, 2022
  • 0
  • 382 Views

Живот во нечовечки услови и состојба од која може само да се зга ди, со финансиски средства за само едвај минимален оброк, ова е реалноста за Сандра.

Сандра по потекло е од Делчево, животот ќе ја нанесе во Штип каде ќе се омажи и ќе основа семејство. А со самото формирање на семејство ќе започнат и нејзините проблеми.

Таа живее во една соба со своите четири деца и сопругот. Работи и од петни жили се снаоѓа како знае и умее да обезбеди некакви услови за живот за себе и семејството.

– Како што можете да забележите живееме во овие четири ѕида, имам четири дечиња, условите во кој што живеам се на нула, вели Атанасова.

– Ситуацијата е многу тешка, а капак на се и причина која ве повикав е тоа што започнаа да ми ги малтре тират децата, вели со солзи во очите Сандра пред камерите на М-нет телевизија.

– Едноставно ги искористуваат децата, да им носат цигли и им носат дрва и сето тоа за едно киндер јајце и иску шувајќи ги со зборовите дека јас немам да им купам.

Сандра на свое име има наследен имот во Делчево и затоа не може да добие сместување во Штип. Неколку пати се обратила кај надлежните но без конкретен одговор.

Како што вели не и е потребна облека, само храна и покрив над глава за себе и својте деца, а со тоа и нејзината најголема ќерка да може да учи на мир.

– Се обратив и во социјалното, но причина поради која ме одбиваат за социјален стан е некој си наследен имот од Делчево што јас не го ни знам, додава Атанасова.

– Апелирам за помош, да не се дозволи да се разделиме, сакаме да бидеме семејство, а неговите го принудуваат да се разведеме доколку сака тој да живее овде.

– Јас нема да ги оставам децата тука за да си играат со нив, затоа ве молам и вас и сите институции да ми го спасите семејството.

Од општина Штип пак велат дека немаат надлежност за вдомување на семејства, ниту за еднократна парична помош доколку за тоа нема соодветна причина.

Но првиот човек на градот Иван Јорданов истакна дека тој како поединец ќе се ангажира и ќе помогне во дометот на неговите можности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *