Самохраниот татко Миле: Децата ми газат по кал и носат два пара обувки за да не бидат мокри и валкани во училиште

  • By klaster2
  • февруари 18, 2022
  • 0
  • 426 Views

Непристапен, каллив и полн со дупки пат води до куќата на самохран татко на три деца во селото Доња Трешњевица кај Топола.

Вели дека одамна е заборавен од сите, а на децата им е многу тешко да стигнат до училиште. Со надеж дека овој голем проблем и лоша делница ќе се санира, неколкупати се обратил до надлежните, но се уште нема абер од никого.

– Така е со години, ако е пролет имаме кал и вода, ако е зима сме завеани и отсечени од светот, затоа што овде не се чисти.

– Која и да е сезона овде условите се многу лоши. Моите деца одат на училиште, облекуваат стари чевли за да излезат на главниот пат, а потоа се пресоблекуваат за да не им се смеат другарите како одат во калливи чевли – вели Миле Ѓокиќ.

Овој оча ен домаќин нагласува дека неколку пати добил ветување дека патот до неговата куќа ќе се санира, но до ден денес ништо не е преземено.

– Рекоа дека ќе го прават но истото секоја година, само се повторуваат во зборовите но од дела нема ништо. Неколку пати интервенирав, се јавував, прашував, но очигледно јас и моите деца сме заборавени – вели Ѓокиќ.

– И онака е тежок животот овде, нема премногу работа, немаштија е, ограничен си во секој поглед на живеењето и творењето овде.

– Децата мокри одат и често мокри си доваѓаат од училиште, како да живеем пред пет века. За жал ова е реалноста, вели огорчено Миле.

Во овој дел од селото не е проблем само патот, туку и високата вегетација која се наоѓа веднаш до проблематичната делница. Автомобилите кои минуваат таму излегуваат од овој пат целосно изгребани и доста оштетени.

– Овде не сум само јас и моите деца со овој проблем се засегнати и другите селани, овој проблем мора да реши еднаш за секогаш, децидно вели тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.