Животот не секогаш оди по зацртаните линии и не секој ја има таа можност да расте во мирен и спокоен дом, со топлина и љубов.
За жал многумина уште од мали нози ја чуствуваат моќта на животот во негативна конотација, на своја кожа почуствуваат како е да се нема.
Оброкот и кровот над глава се она минималното кое секое дете треба да го има, но се почесто сведоци сме дека и тоа недостасува.
Семејството Момчилови, кое го сочинуваат мајката Маја, единаесетгодишната Јована и двегодишниот Андреј живеат во многу тешки услови.
Таткото ги напуштил, а ова семејство живее од денес за утрее, единствени примања и се социјалната помош и детскиот додаток кој за жал не е доволен ниту за половина месец.
А камоли на децата да и се овозможи нешто повеќе кое секако го заслужуваат. Бидејќи нивната насмевка вредни многу, а нивното тажно лице пого дува.
– Како што гледате ситуацијата е многу лоша, кровот само што не паднал врз нашите глави, сега започнуваат и врнежите, вели Маја во разговор со хуманитарката Тамара Мисирлиќ.
– Живееме во една соба сите, сопругот не напушти, јас сум и мајка и татко на овие деца, се трудам на секој можен начин да и обезбедам подобро утро.
– Единствени примања се социјалната помош и детскиот додаток, куќата е во многу лоша состојба, јас не можам да работам бидејќи нема кој децата да ми ги чува.
– На училиште одам често гладна, немам секогаш се случува и тоа, најмногу би сакала да имам своја соба и да можам да учам на мир, вели малата Јована.
Хуманитарката Тамара Мисирлиќ ја рашири приказната за ова семејство и се понуди за помош со цел ова семејство да има достоен живот.