Роза Биркановиќ од Битола се мајка и ќерка од Битола кои сиромаштијата ги проголтала, здравјето секојдневно ги напушта и во нивните животи има само црнила.
Роза на 45 години останува самохрана мајка. Малолетни деца, завидливи роднини, скромна куќарка, оскудни услови, сето тоа ќе влијае на животот на оваа храбра жена.
Роднините ќе ги бркаат од семејниот дом заедно со ќерката. Нема да имаат за храна, за основни услови а сето тоа ќе се одрази на нивното здравје.
Денес ова семејство живее со само 5.000 денари социјална помош кои едвај стигаат за лековите на Роза. Куќата започнала да попушта од сите страни.
По заминвуање од овој свет на сопругот, таа заедно со своите две мали ќерки ќе биде избркана на улица, саноѓајќи се како знаат и умеат.
Роза работела по ниви само за да ги израсене децата, немала средства ниту да ги образува, подоцна и тие ќе работата по бавчите за да и помогнат на мајка си, но убав живот никогаш нема да дочекат.
– Сега живеам со ќерките Тања и Маријана која е мажена но секако е тука со мене. На бавчите оди ќерката и ќе земе некогаш по 500 до 700 денари но секогаш не ја викаат.
Ситуацијата на Роза воопшто не е наивна, таа има про блеми со нозите и не може да се движи, проблемите ми се редат од ден на ден. Во три години имав десет зафати.
– Имав зафат, должна сум по болниците над 180.000 денари, не знам што ќе се случува, иако рекоа дека е се супер, сепак друга е вистината.
Оваа жена последниве години се нема насмевнатно, ситуацијата од ден на ден и станува се полоша а таа се по немоќна и послаба.
– Не можам да заспијам до пет часто, само седам и плачам. Само јас и ќерката знаеме како легнуваме и како преживуваме.
– Некогаш гладни, некогаш не. Струјата не е платена долго време. Куќата полека пропаѓа од ден на ден како и јас самата, вели Роза пред камерите на ,,Срце на Дланка”
Доколку сакате да и помогнете на оваа храбра жена да си го среди животот тоа може да го сторите на телефонскиот број 077 607 107 или на трансакциаста сметка 500600019381955