Ресторант ги санкционира тие што нема да ја изедат цела храна – познато и зошто

  • By klaster2
  • јануари 26, 2022
  • 0
  • 302 Views

Често кога посетуваме некој ресторант или локал ни останува дел од храната и не можеме целиот обем што е подготвен да го изедеме.

Од Јапонија ни доаѓа една доста невообичајна ситуација, каде ако сте во ресторанот на Хачико и доколку не ја изедете храната ќе бидете санкционирани односно каз нети.

Со цел да го свртат вниманието на посетителите на тешкотијата на риболовниот бизнис, сопствениците на јапонскиот ресторан Хачико им наплаќаат ка зни доколку им остане храна во чинијата.

Откако сфатија дека апелите и пораките дека стотици илјади деца гладуваат низ светот и дека немаат парче леб а камоли нешто друго немаат ефикаснот од овој локал се решија да отида чекор погоре.

Имено, овде ќе добиете казна за секоја лажичка ориз што ќе ја оставите во чинијата. Причината лежи во одличната поврзаност на ресторанот со локалните рибари.

Дури и начинот на кој ја служат храната е прилично филмски. Додека келнерите ја носат храната и ја послужуваат, тие пеат морнарски песни, а посетителите кои ги познаваат им одговараат на ист начин.

Сопственикот на ресторанот Хитоши Сугита објасни дека наплатата за фрлање храна произлегува од желбата да се подигне свеста кај гостите за важноста на риболовот и за гладувањето насекаде.

– Нивната задача да ловат риба не е воопшто лесна и без причина не се опишува како леб со седум кори. Затоа треба да бидеме свесни.

– Свесни важноста на храната што ја имаме пред нас и да бидеме свесни за проблемот со фрлањето на храната – изјави Сугита.

– Замислете колку деца во светот го немаат ниту основното ниту парче леб, некој ниту чиста вода за пиење, ставете се на нивно место, додава тој.

Еден од најголемите специјалитети на овој ресторан е кавијарот од лосос во соја сос со ориз – порцијата што ќе ја добиете навистина вреди, но се очекува барем тогаш да имате почит и да ја јадете како што треба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.