Професорот Трајковски: И Кина се увери дека не ја бидува работата со нивните вакцини, затоа бараат излезна стратегија

  • By admin
  • јули 30, 2021
  • 0
  • 41626 Views

Професорот Дејан Трајковски со статус на фејсбук вели:

Не само што Малезија повеќе нема да порачува од кинеските вакцини, Коста Рика одбила дури да ја прими пратката, туку и Кина се увери дека не ја бидува работата – ниту со нивните вакцини базирани на деактивран вирус, ниту со нивната mRNA вакцина која не стигнале да ја развијат на време.

Затоа бараат излезна стратегија, ја купуваат лиценцата од Бајонтек, која заедно со Фајзер ја произведува моментално најефикасната вакцина на светот, Комирнати.

Во меѓувреме ОАЕ, Бахреин, Србија, Унгарија и други земји кои вакцинирале со Синофарм или Синовак на своите граѓани ќе им даваат трета доза, но од друг тип вакцина (Фајзер, Модерна или АстраЗенека) бидејќи се докажале како супериорни во однос на првите.

Се виде фајдето, а не помогна ни саботирањето на mRNA вакцините од ланскиот ноември, па сега се посипуваат со пепел. Народот вели: „Што не се прчело, не се кози“ секогаш кога нешто претерано се форсира, а не дава резултати.

Во меѓувреме, кој сака може да го прочита и овој унгарски научен труд (https://www.medrxiv.org/con…/10.1101/2021.07.15.21260362v1), според кој кај вакцинираните над 60-годишна возраст со вакцината на Синофарм (слично е и кај Синовак) многумина имале нула антитела.

Кај 80-годишните, коишто се најзагрозени и кои најмногу зависат од вакцината, дури половината од вакцинираните останале со нула антитела.

Бидејќи вакцините со инактивиран вирус не развиваат клеточен имунитет (го пишува и ова во трудот), на што ќе се надеваат вакцинираните со нула антитела?

За разлика од другите видови вакцини, каде е можна заштита и при мал или никаков титар на антитела, кај овие вакцини тоа не важи. Без антитела не може да се развие ни мемориски имунитет во мемориските Б-клетки (ќе видиме утре труд и на оваа тема).

Трудот е моментално на рецензирање, двајца рецензенти немале забелешки, а третиот само изнел резерва во однос на видот на тестовите на антитела, односно дали тестовите за прележаност можат да се користат за тестирање на вакцинираните.

Но истото важи и за другите вакцини, па сепак тестовите докажале антитела. На пример, кај Фајзер и Модерна антитела развиле 100% од тестираните.

Моментално во Унгарија населението е бе сно, бараат бесплатно тестирање на антитела и вакцинација со трета доза од друг вид вакцина.

Власта, пак, ги об винува опозицијата и Со рос (!) дека го финансирале ова истражување, инаку прво на Запад за кинеските вакцини и прво за лица постари од 60 години. Ќе видиме како ќе се заврши сето ова.

Од утре ќе го анализираме ова прашање малку поопширно. Засега само ќе читаме (дијаграмите се на крајот од трудот), а од утре ќе коментираме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.