Пристигна убава вест за Македонците во Франција, Германија, Австрија и Шведска од страна на Визер

  • By admin
  • јуни 1, 2021
  • 0
  • 7856 Views

Полека но сигурно светот по појавата на вирусот ковид започна да се враќа во нормала, а тоа важи и за нашата држава, Македонија.

Нискобуџетната авиокомпанија Виз ер денеска објави дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома.

Првиот од обновените летови беше на 23 мај. Визер нуди широк спектар на ниско-буџетни линии до најатрактивните земји и градови низ Европа, вклучувајќи ги Франција и Германија, како најрелевантни дестинации

Како резултат на олеснетите ограничувањата поради Ковид-19, низ цела Европа, Визер оди напред, најавувајќи повторно отворање на линиите што ќе ги однесе патниците до повеќе европски дестинации.

Почнувајќи од крајот на мај, секој може да резервира карта и да ужива во долгоочекуваниот одмор или посета на семејството и пријателите ширум континентот, во текот на летото, на уште повеќе Визер дестинации.

Земји во кои Виз ер повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска.

Уште еднаш, стои во соопштението од авиокомпанијата, Виз ер ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме.

-Среќни сме што повторно се отвораат седум рути од Македонија, нудејќи повеќе дестинации, за различни потреби на патниците, било да се тоа деловни или за рекреативни патувања.

Со бројните услуги што повторно се отвораат низ цела Европа, Виз ер ја докажува својата посветеност, на македонските патници да им понуди безбедно и незаборавно патување низ цела Европа и пошироко, со нашата модерна флота и во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж, вели во пишана изјава Андрас Радо, менаџер за корпоративни комуникации во Виз Ер.

Поради ковид пандемијата во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *