По подолг период се огласи Ивона Талевска: Во Македонија од еуфорија дојде до разочарување

  • By klaster2
  • мај 11, 2022
  • 0
  • 397 Views

Веста дека Македонската православна црква стекна независност не е точна бидејќи е нецелосна, вели Талевска за соседните медиуми.

– Треба да се напомене дека веста дека Вселенската црква ја признала Македонската црква како рамноправна со другите православни цркви првично беше еуфорично примена во Северна Македонија.

– Имено, Македонската православна црква ја прогласи својата независност пред 55 години. Но, до денес никој не ја признал нејзината независност бидејќи таква одлука се очекувала од црквата мајка, односно од СПЦ – вели Талевска за ,,Курир.рс”

Таа додава дека од првичната еуфорија дошло до разочарување кај македонските верници: Вселенскиот сојуз ја прифати Охридската архиепископија како црква на Македонците рамноправни со другите, но тоа не значи автокефалност, односно независност на Македонската православна црква според црковните закони.

Веста први ја објавија од Македонската државна новинска агенција. Но, намерно или случајно, тие премолчеа еден важен детал од соопштението на Вселенската патријаршија.

А тоа е дека Охридската архиепископија во никој случај не смее да се користи или поврзува со името Македонија или називот Македонски.

Тоа значително ги менува причините за првичната еуфорија поради информацијата, која очигледно не беше целосна – истакнува Талевска.

Целата приказна има голема заднина во која е вмешана Бугарија: По ова е јасно дека нема независност без прифаќање од СПЦ.

– Меѓутоа, ако ова е еуфорија и разочарување на македонските верници, оваа одлука на Вселенската патријаршија има голема употребна вредност во бор бата на Македонците против бугарскиот ултиматум.

– Имено, Бугарија бара Македонците да се откажат од својата историја и да признаат дека немаат историски идентитет, туку како бугарите што велат да признаеме дека сме створени со долука на Србија и Тито во 1945 година, додава Ивона Талевска.

И конечно Талевска отркива кој е најголемиот бенефит од оваа одлука: Доколку Македонија не го прифати овој ултиматум, Бугарија се за канува со вето за влез на Северна Македонија во ЕУ, дури и почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ:

Прифаќањето на Охридската архиепископија од страна на Вселенската патријаршија е фактор што го потврдува постоењето на македонскиот идентитет во средниот веки основана. Тоа ги исфрла тврдењата на Бугарите за Македонците како новоформирана нација – заклучува новинарката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *