По големата победа на Македонија се огласи и Никола Груевски: Испрати моќна порака

  • By admin
  • март 31, 2021
  • 0
  • 1772 Views

Германската селекција вечерва загуби со 2:1 на домашен терен од македонската фудбалска репрезентација во 3. коло од квалификациите за СП 2022.

Овој пораз е прв за Германците на квалификациските турнири на светските шампионати од 2001 година.

Вкупно, ова е само трет пораз на Германија во Мундијалските квалификации: во 2001 година, тимот загуби од Англија (1:5), а во 1985 година – од Португалија (0:1).

Прекината е рекордната серија победи на „панцерите“ од 18 натпревари во квалификациите за СП, додека серијата без пораз беше 35 натпревари (30 победи, 5 нерешени средби).

Вечерва во Македонија но и во дијаспората слави и старо и младо, и женско и машко, да си горд Македонец. Не зборува цел свет.

Од сите страни пристигаат честитки за фудбалерите, а таква дојде и од екс премиерот и поранешен лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски:

Тој се огласи доцна вечерва прекус својот профил на фејсбук каде што напиша:

Честитки за победата на македонските фудбалери против Германија на гостински терен.Импонира победа во гости против повеќекратен светски и европски првак во фудбал, кој во светски рамки е познат по крајно посветена и квалитетна игра до последната секунда од секој натпревар.

Но повеќе од резултатот импресионира подобрата игра во тој дуел на македонските репрезентативци.

Таа игра е гаранција дека ќе има и многу други успеси на овој тим.Честитки за фудбалерите, стрелците, селекторот и неговата стратегија и целиот стручниот тим.

Честитки и за сите кои учествувале во изградбата на овие фудбалери од нивните најрани клубови и тренери па натаму и сите од фудбалската академија имајќи во обзир дека костурот на тимот се дел од првата генерација на фудбалската академија. Сите тие имаат причина да бидат горди со овие успеси. Но и сите граѓани на Македонија и дијаспората.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *