Познато во колку држави може да се патува со македонски пасош без виза: Бројката е над 100 земји

  • By admin
  • јули 11, 2021
  • 0
  • 3827 Views

Доколку постои Олимпијада за пасоши, Јапонија не би била само домаќин туку и ќе победи. Вака „Си-ен-ен“ ја започнува презентацијата на најновото рангирање на моќта на пасошите што го изработува компанијата „Хенли и партнерите“ во кое јапонскиот е на прво место во конкуренција од 199 земји.

На оваа листа, македонскиот пасош е на 46. место и со него не е потребна виза за влезе во 126 земји во светот.

Од земјите во регионот најдобро рангирана е Грција (8. место) со чиј пасош не се потребни визи за 186 држави. Во шест држави помалку може да се влезе со пасош од Словенија, која е рангирана на 12. место. Бугарскиот пасош се наоѓа на 16. место и со него нема потреба за виза во 174 земји.

Едно позиција подолу на овој индекс се наоѓа Хрватска чии граѓани може да патуваат без визи во 173 држави.

Од нас, подобро рангирана е и Србија, која е на 38. место – не се потребни визи за 136 земји.

Едно место по Северна Македонија е Црна Гора (43.) чиј граѓани без визи може да патуваат во 124 земји или две помалку од нас.

Подолу на листата се Босна и Херцеговина (53. место – 117 држави), Албанија (55. место – 115 држави) и Косово (107. место – 40 држави).

Покрај Јапонија, меѓу најмоќните пасоши има и Сингапур кој го зазема второто место со можност за патување без визи во 192 земји.

Третата позиција, пак, ја делат Германија и Јужна Кореа (191 земја). На четвртата се: Финска, Италија, Луксембург и Шпанија (190 земји). Листата од топ 5 ја заокружуваат Австрија и Данска со можност за патување без визи во 189 држави.

Последен на листата е пасошот на Авганистан со кој може да се патува без виза во само 26 земји. Претпоследен е Ирак (28 држави), а на дното се и: Сирија (29 држави), Пакистан (32 држави), Јемен (33 држави), Сомалија (34 држави), Палестинската територија (37 држави), Непал (38 држави), Северна Кореја (39 држави), како и Либија чиј пасош исто како и косовскиот овозможува влез без виза во 40 држави.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *