Познати имињата на позитивните ракометари во репрезентацијата, објавен и конечниот список

  • By klaster2
  • јануари 11, 2022
  • 0
  • 327 Views

Македонската ракометна репрезентација а воопшто и Македонија е пред нов голем настан, овој пат Европското првенство кое започнува наскоро.

Во рамки на подготовките за претстојното ЕП 2022 (Унгарија – Словачка) македонските ракометна репрезентација утрово го одработи последниот тренинг пред замине за Дебрецин.

Федерацијата, која што и во минатото знаела да застане зад ракометарите и соодветно да ги награди за резултатите, сега со 50.000 евра ќе ги мотивира момците на Кирил Лазаров за пласман во втората фаза на континенталниот собир.

„Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука да ги награди ракометарите на машката сениорска репрезентација.

И тоа со 50.000 евра за пласман во втората, односно главната фаза на Европското првенство“, велат од Ракометната федерација на Македонија.

Ракометна Федерација на Македонија вечерва се огласи преку социјалните мрежи и сподели крајно неповолни вести за јавноста.

Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација, беа извршени ковид ПЦР тестирања на 4ти и 7ми и 10ти јануари.

Според резултатите од денешните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови на таборот на Ракометната федерација на Македонија, кај 5 (пет) претставници кои требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, детектиран е вирусот.

Денеска пред полетувањето за Дебрецин беше објавен и составот со кој нашата репрезентација ќе патува на првенството а воедно и се обелодени и позитвните како и дополнително повиканите ракометари.

Голмани : Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски -Леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, Леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски

Централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевск- Пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски

Десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов Десни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски – Селектор Кирил Лазаров

Голманите Никола Митревски и Марко Кизиќ, крилото Гоце Ојлески и левиот бек Михајло Младеновиќ се ракометарите кои добиле позитивен тест. Исто така позитивен од стручниот штаб е и кондицискиот тренер Петар Баснарков

Таборот на македонската ракометна репрезентација заминува денес во 14:10 часот за Дебрецин
Првиот меч од групната фаза нашите машки сениори ќе го одиграат на 13 јануари (четврток) во 18:00 часот против репрезентацијата на Словенија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *