Познатата авиокомпанија само за идниот месец во Германија откажа над 2000 летови

  • By admin
  • јуни 25, 2022
  • 0
  • 293 Views

Најавите од пред извесно време веќе започнаа да се остваруваат кога во прашање се авио линиите од германските аеродроми.

Една од најпознатите авиокомпании, германската „Луфтханса“ откажа дополнителни 2.200 летови од центрите во Франкфурт и Минхен во јули, како причина наведувајќи го и недостигот од работници поради зголемен број на нови случаи со вирусот.

Пред две недели, компанијата информираше за откажување на 900 летови во јули. Во текот на вчерашниот ден, таа најави дека „ќе се откажат дополнителни 2.200 од вкупно 80.000 летови“.

„Прво ќе бидат откажани домашните германски и летовите внатре во Европа, но, не оние на класични дестинации за одмор, што се добро пополнети во сезоната“, наведуваат од компанијата.

Можно е да се промени и распоредот на летање, нешто за кое што најавија од самата авиокомпанија.

„Системот е дополнително оптоварен со штрајкови на контролорите на летање, временските услови и особено, зголемениот број работници зар азени со вирусот“, појаснуваат од Луфтханса.

Патниците веднаш ќе бидат информирани за откажан лет и ќе добијат, доколку има можност, резервација за други соодветни летови. Оние внатре во Германија до главните аеродроми може да бидат заменети со железнички линии.

Брисел Ерлајнс, еден од членовите на „Луфтханса Груп“, неделава исто така откажа над 300 летови поради шт рајкот на пилотите и кабинскиот персонал. Работници протестираат против прекумерната работа и сè полошите работни услови.

Според ДПА, штр ајкот на главниот градски аеродром во Брисел и на бриселскиот аеродром Јужен Шарлроа им создаде проблеми на десетици илјади патници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *